Жана Дамас, епитом на париски шик, интернетска миленичка, ѕвезда на уличната мода, ит-девојка што го поседува она француско je ne sais quoi, веќе долго време е инспирација за ноншалантен париски стил, а сега тој стил го реплицира во својот бренд Rouje.
Rouje претставува едноставни женствени нешта, понекогаш дури и старовремски парчиња, но сепак секси, богати со француско кокетирање, што пак многу наликува на Дамас.
Ја нарекуваат Џејн Биркин на денешницата, а таа пак е инспирирана и Rouje го посветува на тие што ја инспирираат – нејзините мајка и сестра, пријателките, познатите актерки и стилските икони (Биркин, Брижит Бардо, Одри Хепберн).
Шармантната Жана преку овој едиторијал ни открива комбинации кои претставуваа совршена париска летна гардероба. Се надеваме и вие ќе најдете инспирација.
Нема коментари