• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Број еден моделот на светот блесна сред Берлин во фустан од Ненад Секирарски

Од stylist @StylistMKD · На ноември 10, 2014

sekirarski berlin (5)
Кандидатките на натпреварот „Број еден модел на светот”  (No1 Model of the World)  што се одржа во саботата во „Шпиелбанк театрот“ во Берлин, Германија, носеа свечени фустани од македонскиот креатор Ненад Секирарски. Во конкуренција од 15 учеснички од голем број земји од светот беа избрани седум девојки, од кои за победничка беше прогласена Џесика Родригез од Бразил, која ја доби титулата број еден топ-модел на светот. Втора придружничка е Сања Вучковиќ, третото место ѝ припадна на Ленка Јосефиова, а за ново лице е прогласена Ирина Леваднева. Настанот беше во организација на No1- модната агенција која избираше најдобар топ-модел на светот.

sekirarski berlin (11)

Секирарски со победничката- Џесика Родригез од Бразил

Креаторот вели дека приемот на целата колекција во Берлин бил одличен.
-Настанот беше проследен од голем број на медиуми, како и гости на настанот кои во бекстејџот сакаа што поблиску да ги погледнат деталите на фустаните и да прашаат каде би можеле да се најдат што ветува можности за некакви соработки во иднина. Ова ми ги потврди уверувањата на сите пријатели кои го посетиле Берлин дека градот и многу отворен и со задоволство ги прифаќа новите идеи. Ми беше големо задоволство што и манекенките многу уживаа во носењето на фустаните и ги носеа на вистински начин. Секако многу ми е драго што победи токму Џесика Родригез зашто таа и беше една од моите фаворити за титулата но и поради тоа што фустанот што таа го носеше е еден од моите подраги креации од најновата колекција- ни изјави Секирарски веднаш по враќањето од изборот.

sekirarski berlin (2)

Колекцијата на Секирарски се состои од 15 елегантни фустани, колку што имаше и кандидатки на изборот.
-Моделите се инспирирани од интимата на будоарите и крилјата на пеперутките, спојот на нежното, сензуалното, женственото на моменти и нестварно. Слоевитост во тантелата, доработка со многу детали, и женствента издолжена силуета се специфичните нешта кои во секоја колекција се провлекуваат, но нагласениот сексапил и еротичноста во овие модели е нешто што ја разликува колекцијата од предходните. Боите се црна, жолта, бела, златна и црвена-вели тој.
sekirarski berlin (12)

Заради спецификите на изборот, бидејќи се работи за High Fashion Models биле поставени неколку стандарди по кои фустаните морало да бидат изработени.
-Еден од условите е да бидат во специфични бои  како што е жолтата и црната, бои кои се во логото но исто така и со својот сензибилитет и транспарентност што подобро да можат да ја доловат фигурата на моделот и да ја прикажат во најдобро светло-додава тој.

sekirarski berlin (6)

Моделите се претставија во неколку аутфити пред стручното жири составено од креатори, стилисти и скаути.
Целта на изборот беше да се круниса вистинскиот модел кој во себе ги има сите квалитети и вредности како шарм, харизма, фотогеничност, убав од, но и други лични и карактерни вредности. Девојката која на крајот ја доби титулата со себе носи и големи одговорности, но и договор од 6-12 месеци со модната агенција како и парична награда. (А.Н.)

sekirarski berlin (3)

sekirarski berlin (7)

sekirarski berlin (8)

sekirarski berlin (4)

sekirarski berlin (10)

sekirarski berlin (15)

sekirarski berlin (14)

No1 Model of the WorldЏесика РодригезБерлинБразилГерманијаНенад Секирарскитоп-моделфустани
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • WebinarD4C_Macedonia (1) моден монитор

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

  • mirjana josifoska моден монитор

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

  • 1 моден монитор

    Инаугурациска мода: Пораки за мир и обединување

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics