Модната куќа „Диор“ на модна ревија во Токио ја претстави машката колекција за предесен 2019 креирана од дизајнерот Ким Џонс. Модното шоу се одвиваше околу околу спектакуларната скулптура на јапонскиот уметник Хаџиме Сорајама поставена на пистата, а главната тема е научна фантастика и футуризам. Џонс претстави космички модерна машка колекција со обилна употреба на металик материјали, чизми, торби и модни додатоци во футуристичен стил, елементи на аниме-стилот од 80-тите, свилени костуми, рефлективни парчиња, цветни парчиња и асиметрични сакоа. Ким соработуваше со дизајнерот на 1017 ALYX 9SM, Метју Вилијамс, и со AMBUSH Yoon на накитот и модните додатоци, а делото на Сорајама можеше да се види светкавите металик материјали и футуристичката типографија. За изгледот на манекените се погрижи главниот шминкер на„Диор“, Питер Филипс, кој на рацете и главата металик стикери.
„Модната ревија во Токио беше најдобриот начин да се презентира и означи мојата прва предесенската колекција за „Диор“. Јапонија е волшебна земја што добро ја познавам и особено ја сакам нејзината неверојатна и уникатна култура, историја и природа, која отсекогаш била многу фасцинантна и одличен извор на инспирација за мене“, изјави Ким Џонс.
View this post on InstagramCover of @wwd thanks guys @dior @hajimesorayama_official
A post shared by mrkimjones (@mrkimjones) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари