Манекенката Кара Делевињ е одлучна да се посвети на актерството и повеќе е снима филмови отколку што е на модните писти. Во моментов го промовира филмот „Валеријан и градот на илјада планети“ режиран од Лук Бесон и работен според познат француски стрип.
На вчерашната премиера на филмот во Лос Анџелес Кара се појави во сајбер-издание – футуристички сребрен фустан од последната couture колекција на холандската дизајнерка Ирис ван Херпен и со холографски ефект во косата што одлично се надополнува со креацијата со 3Д конструкција. Моделот на ван Херпен има мрежест изглед и е направен од метал, а во него Кара изгледа како интергалактичка хероина.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари