Вториот ден на актуелното издание на Моден викенд-Скопје беше во знакот на презентацијата на студентите по моден дизајн при Европски уноверзитет, домашниот бренд „Линеа“, гостинките Тијана Младеновиќ и Флора Елези, а модната вечер ја затвори дизајнерката Ирина Тошева со колекцијата „Риза“. Вечерва на програмата се затвора затвора тринаесеттиот Моден викенд Скопје со ревиите на Дренуша Џара и Јика Брада, поддржани од USAID EMPOWER Kosovo & Kosovo Apparel Marketing Association – KAMA (во 18 часот), „JZJ by Zlatko Jovanovski“ (19 часот), Никола Петровски поддржан од „Промедика Естетик“ (19.30 часот), „Sigma Jewerly“ (20.30 часот) и во за крај на вечерта Лидија Георгиева (21.30 часот).
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
„Шари и текстури“ е насловот на годинашната тема со која се претставија студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Република Македонија. Идејата дојде преку актуелните тенденции кои се значајни во однос на дизајнот на текстил и кои во сите временски сезони се актуелни и модерни. Уникатноста на моделите на студентите освен во кројната база и моделирање, автентичноста ја акцентираат и со апликација на дизајниран материјал кој како основа е создаден со различни техники на везење, сликање, дигитален печат и многу други техники.
„ЛИНЕА“
Македонскиот моден бренд „Линеа“ се претстави со колекција за сезоната пролет/лето 2016 која содржи пет различни теми: City lights, Bubble Trouble, Golden Fever, Summer Mood и Denim Flowers. Сите креации се со различни принтови и претежно пастелни бои. Моделите се достапни во салоните во Скопје, Кавадарци и Штип.
ELEZI PARIS
Флора Елези која ја потпишува етикетата Elezi Paris а најновата колекција се состои од лични чекори и го поврзува Париз со Балканот. „Изворот на инспирацијата се појавува од женската сила бидејќи секоја жена се соочува со широк спектар на дизајнирани модели и на тој начин ја претставува својата личност“, вели Елези која живее во Париз и за прв пат се претстави на Моден викенд Скопје.
ТИЈАНА МЛАДЕНОВИЌ
Ново име на Моден викенд Скопје е и српската дизајнерка Тијана Младеновиќ со колекцијата „Shinigami“ инспирирана од јапонската митологија и духот на смртта. Поради тоа креациите се во црна и сива боја и наликуваат на кимона. Младеновиќ во Скопје дојде преку соработката на Моден викенд Скопје со српската модна организација БАФЕ.
Нема коментари