• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

FWSK: Конструктивна игра на женственост кај Росица Мршиќ

Од stylist @StylistMKD · На април 7, 2014
Rosica Mrsic fwsk

Росица Мршиќ во финалето на ревијата / Фото: Ани и Дими

Дека крајот навистина е украс на делото си најде своја потврда и во финалето на деветата сезона на Моден викенд-Скопје, со претставувањето на најновата колекција на Росица Мршиќ за сезоната пролет-лето 2014. Автентична, конзистентна и сигурна во својата мисла, таа од сезона во сезона ги чести своите фанови со нови парчиња од својот препознатливиот ракопис. Со постојана потикнатост од уметноста обожувајќи ја модерната уметност од 20 век (досега врз нејзината креативен дизајн влијание извршија Густав Климт, Анри Матис, Василиј Кандински и Казимир Малевич), но и како веќе докажан мајстор на конструкцијата Мршиќ својата најнова инспирација ќе ја препознае во конструктивизмот, правец во уметноста сосем близок до нејзиниот сензибилитет, надограден со референци од 80-те години.

rosica mrsic1

Ревијата на Росица Мршиќ беше презентирана во соработка со „Авон“, а креаторката заедно со колекцијата лансираше и линија на чевли со нејзин потпис

Како еден од преставниците на авангардниот стил на овие простори таа со својата архитектонска прецизност и овој пат не отстапува од насоката на авангардна женственост со јасно поставената цел за урбана префинетост. Секогаш мотивирана да креира структурални, но носливи и удобни, но пред сè модерни, ама не и трендовски минливи парчиња, таа се фокусира на дизајнерските елементи кои се постојано во дослух со женствена разиграност.

rosica mrsic2

Нејзините колекции се потпираат на идејата дека облеката треба да живее подолго од една сезона овозможувајќи му на оној кој ја носи да си го дефинира своето сопствено расположение преку неа. Со постојана артикулација на сопствениот став во една константна игра на спојување на минатото и идното и најновата колекција е состав од различни парчиња: здолништа, кошули, панталони, фустани и палта. Но овој пат е тоа посмирена, полинеарна силуета која ја следи линијата на телото. Каратеристичните структурални драпирања сега се сведени на повремени детали на горните делови.

rosica mrsic3

Нејзиниот специфичен третман на женственоста овој пат се потпира на посигурен, минималистички изглед со припиена форма на телото, дефинирана со прецизност и едноставност на која ѝ се спротивставуваат деталите превземени од машката облека. Ова е нов поинаков момент во дизајнерскиот исказ на Мршиќ, но она што e неочекувано е еден блок на похардкор потполно црни изгледи кои се покажуваат како новина и додаваат свежина во нејзината дизајнерска мисла. Палетата останува препознатлива за неа, црна, бела, кароа, овој пат искомбинирани со чиста сина и розoва во вообичаената  некомромисност во изборот на материјалите кои и оваа, како сите досегашни колекции, ја прават посакувано место. Тоа се ткаенини од памук, свила и вискоза со интригантни текстури, но и вештачка кожа со извонреден изглед. Облека која е нослива, практична, но која во исто време ќе ве издвои од толпата е оваа последна, малку по комерцијална понуда на Росица Мршиќ за сезонава која е на старт. (С.Ј.Б. ; Фото: Stylist.mk)

rosica mrsic4

rosica mrsic5

rosica mrsic7

rosica mrsic8

rosica mrsic9

rosica mrsic 6

FWSKМоден викенд-Скопјемодна ревијапролет-лето 2014Росица Мршиќ
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics