На третата вечер на овосезонскиот „Моден викенд-Скопје“ се претстави дизајнерката Стефанија Насеска која во својата нова колекција балансира помеѓу еднобојни и креации со впечатлив принт на егзотични цветови. Таа не воведува во сезоната пролет-лето 2013 преку секојдневна гардероба со силуета на А-линија, корсетрирани горни делови, здолништа со ѕвонест крој, модели со патенти и блузони со пораката tête-à-tête. Креаторката употребува материјали со интензивни цветни и апстрактни шари, а некои од памучните парчиња таа рачно ги обои. Дизајнерката вметнува написи и скриени пораки во своите модели, а онаа главната од оваа колекција е лична, преку неа сака да најави револуција која треба да се случи за да се подобри домашната дизајнерска сцена. Нејзините креации се со поедноставен дизајн, бидејќи смета дека публиката треба да се научи да купува домашен дизајн и за секојдневни пригоди, не само за свечености и свадби. Насеска овојпат со својата колекција се стави лице в лице со промените на домашната мода. (К.Т.; Фото: Stylist.mk)
Нема коментари