Францускиот институт во Скопје и Скопје Сити Мол имаат чест да ве известат и да ве поканат на ексклузивната гала филмска вечер „Кан во Скопје“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.
Филмот „Втор чин“ ќе биде премиерно прикажан в среда, 5 јуни 2024, во 20 часот, во киното „Синеплекс“, во Скопје Сити Мол.
Се работи ексклузивна премиера во регионот и филм со којшто се отвори овогодишното издание на Канскиот фестивал, во режија на Кантен Дипје, со Леа Сејду, Луј Гарел и Венсан Лендон во главните улоги.
Што напишаа француските медиуми за „Втор чин“:
Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи ѝ се на политичката коректност. Филмот е полн со спонтан хумор. (Фигаро)
„Втор чин“ е несоменено еден од најдобрите филмови на Дипје: прецизно режиран носи рекордно долги кадри. (Пари-Мач)
Дипје е неуморен: тој „поставува на сцена“ четворица збунети ликови и создава од нив една апсурдна фикција. Вистински успех! (Ехо)
Настанот се одржува со поддршка на аптеките „Зегин“, винаријата „Тиквеш“, Пежо-Еуроимпекс и „Публицис“.
Нема коментари