• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
хајтек 0

Galaxy Watch Active2: Дизајниран за балансирање на велнес-можностите со подобрено вмрежување

Од stylist @StylistMKD · На август 6, 2019

Galaxy Watch Active2

Најновиот паметен часовник ја зголемува можноста за персонализирање на добросостојбата на повисоко ниво, овозможувајќи поголема флексибилност од било кога досега со помош на LTE технологијата за поврзување 

Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy Watch Active2, најновиот додаток на Samsung Galaxy портфолиото на паметни часовници. Како дел од Galaxy семејството, Galaxy Watch Active2 содржи нови, интуитивни, рафинирани функции кои допринесуваат истиот да се вклопи повеќе во животниот стил на корисниците, притоа помагајќи им да ги унапредат своите здравствени и велнес-цели, како и непрекинато и вмрежено секојдневие.

Galaxy Watch Active2 го подобрува квалитетот на животот со мали, но значајни дневни промени – од постигнување на велнес-целите како што се мониторинг на спиењето, вежбањето и нивото на стрес, до ефикасно исполнување на обврските. Без разлика дали сакате да медитирате, добивате известувања за секоја новост, или да се опуштите, Galaxy Watch Active2 ја надополнува вашата животна рутина, додека истовремено е дополнет со префинет и дефиниран стил.

„Пазарот на паметните часовници расте со голема брзина и ние во Samsung сме многу возбудени што континуирано го шириме нашето присуство на нови и визионерски начини,“ изјави DJ Koh, претседател и извршен директор на IT и мобилните комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Со Galaxy Watch Active2, креиравме уред кој ќе им овозможи на потрошувачите да превземат контрола над своите здравствени и велнес-цели, со непречено поврзување помеѓу нивните уреди, како и целиот Samsung Galaxy еко-систем, правејќи ги нивните животи полесни и подобри,“, додаде DJ Koh.

Дизајн со цел, прилагоден на вашиот живот 

Galaxy Watch Active2 има врвен дизајн и истовремено е визуелно убав и прилагодлив на вашиот животен стил. Достапен е во две димензии – со пречник од 44мм и 40мм – и во два стилови: лесен алуминиум Fluoroelastomer (FKM) со кежуал-каиш како и премиум верзија од не’рѓосувачки челик со кожен каиш. Овој паметен часовник можете да го персонализирате со помош на широкиот асортиман на каиши во различни стилови, како и повеќето опции за маската на часовникот. 

Galaxy Watch Active2 содржи напредна ротирачка рамка – која го прави дигитален и уште повеќе погоден за користење, со зголемување на големината на екранот. Часовникот сега има преубав закривен Super AMOLED екран, додека дигиталната рамка се врти во насока на показалките на часовникот, како и во спротивната насока, како би можеле уште полесно да им пристапите на омилените апликации. Покрај тоа, подобрениот One UI нуди едноставно и природно корисничко искуство за управување на уредот.

За корисниците кои покрај својот сакаат часовник со истенчен и префинет стил, сега е можно да се промени и позадината на Galaxy Watch Active2 часовникот со помош на My Style алгоритмот за апстрактни бои. Овој алгоритам функционира во склоп на Galaxy Wearable апликацијата – потребно е само да ја фотографирате вашата модна комбинација, да одберете од петте различни варијации на бои и позадината на вашиот часовник ќе се промени во рок од неколку секунди. Можете да го усогласувате вашиот личен стил секој ден – или да го зачувате омилениот стил за повторна промена.

Galaxy Watch Active2 Aluminum 40mm

Совршен сопатник за вашите велнес-цели

Galaxy Watch Active2 може да биде и ваш водич за постигнување на подобри здравствени и велнес-цели, нудејќи вредни информации кои можат да ви помогнат да донесете позитивни одлуки во рамките на вашиот животен стил кога е во прашање исхраната, тренингот, психичкото здравје, спиењето и слично.

На пример, додека тренирате, паметниот часовник може мануелно да следи повеќе од 39 видови на тренинзи, од кои автоматски активира седум – вклучувајќи трчање, пешачење, возење велосипед, пливање, веслање, нордиско скијање и динамичен тренинг. Со подобрената апликација, Running Coach, можете да ја следите брзината на трчањето во реално време и да уживате во седумте различни програми за трчање кои ви помагаат да ги постигнете целите.

Galaxy Watch Active2 дури воведува и иновативни здравствени сензори на позадината на куќиштето, кое овозможува брзо вчитување, како би можеле што побрзо да добиете информација за да ја подобрите вашата тренинг рутина и да се најдете на правиот пат.

Galaxy Watch Active2 истотака помага во следењето на секојдневното ниво на стрес во реално време со помош на Samsung Health, нашата популарна здравствена и велнес-апликација.

Galaxy Watch Active2 Stainless Steel 44mm

Дополнително подобрете ја можноста за поврзување во секојдневниот живот со семејството Galaxy

Galaxy Watch Active2 го унапредува вашиот квалитет на живот со можноста за поврзување на секојдневната рутина, како и со другите уреди, дури и додека сте во движење.

Galaxy Watch Active2, со помош на LTE технологијата, ви овозможува со истиот да одговарате на повици, додека пак друштвените мрежи ви се достапни на дофат на прстите, нудејќи ви подобро управување. Сега можете да лајкувате пост на социјалните мрежи или да гледате кратко видео директно од зглобот на вашата рака. Можете дури и да патувате низ светот со поголема самодоверба бидејќи Galaxy Watch Active2 има можност да преведува глас во реално време, како и текстови на повеќе од 16 јазици.

Составен дел од Galaxy еко-системот

Како дел од Galaxy семејството, за оние кои сакаат повеќе Galaxy Watch Active2 го претставува најдоброто од Samsung Galaxy еко-системот. Кога на пример Galaxy Watch Active2 е поврзан со вашиот Galaxy паметен уред, Watch Camera Controller[4]-от на часовникот ви дозволува да правите фотографии, снимате видео снимки, да гледате содржини, да се префрлате од предната и задната камера и обратно, да подесувате тајмер и да одобрувате финално видео или фотографија – сè преку вашиот зглоб. Истотака можете да го користите Wireless PowerShare на вашиот Galaxy паметен телефон за да ја дополните батеријата на часовникот на лесен и интуитивен начин. 

Покрај сè од наведеното, сите Samsung услуги кои ги добивате со помош на Galaxy еко-системот – како што се Samsung Health, SmartThings, Samsung Pay[5]и други – беспрекорно се интегрирани со вашиот часовник и другите уреди. Можете да користите на пример Bixby за да управувате со часовникот, да започнете тренинг или да ја проверите временската прогноза. Секако, сè кое правите е заштитено со помош на технологијата Knox.

За повеќе информации за Galaxy Watch Active 2 посетете ја news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com.

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 (4) хајтек

    Создадени првите Viber стикери со македонски знаковен јазик

  • cover-peshak2 хајтек

    Challenger – македонска мобилна апликација која те наградува додека пешачиш и трчаш

  • HUAWEI P40 lite хајтек

    Дополнете го вашиот карактер со новиот HUAWEI P40 lite

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics