Супермоделот Џиџи Хадид се појави на уште Vogue насловна страница, овојпат за историскиот прв број на Vogue Arabia, покриена со вел украсен со светкави камчиња од дизајнерот Брендон Максвел. Според уредништвото Хадид како полу Палестинка е очигледен избор за магазинот кој го покрива арапскиот регион, магазин со кој треба да се доближи арапската жена до меинстрим модата, што доведува до главната тема на бројот – „Преориентирање на перцепциите“.
Vogue Arabia е првиот магазин од семејството на сите 22 меѓународни изданија кој прво функционираше во дигитална форма, пред да го издаде ова принт првенче, се однесува на поширок регион, а не на една држава, а за главна уредничка е поставена прицезата Дина Абдулазиз, која во модниот свет важи за стилска икона.
- Vogue Арабија е списание со авторитет и увид потребни за да се опфати креативноста на еден посебен, развивачки, и често погрешно интерпретиран дел од светот. Колажот од земјите низ арапскиот свет одамна заслужува место во модната историја и нема подобар модел за Vogue Arabia од Џиџи, модел кој ја дефинира претприемачката и динамичната генерација на утрешнината – пишува Абдулазиз во уводникот на првиот број.
Џиџи на својот Инстаграм профил го поздрави изданието и пишува дека како полу Палестинка многу ѝ значи што е на насловната на првиот број. Таа се надева дека ова списание ќе покаже уште еден слој на желбата на модната индустрија да се продолжи да се прифаќаат, слават, и вклучуваат сите луѓе и обичаи. Фотографиите за Vogue Arabia ги направи дуото Инез и Матадин.
Нема коментари