Озлогласената уредничка на американското издание на Vogue на премиеарата на третата сезона на серијата „Девојки“ се појави во колоритен крзнен капут со поп-арт мотиви од пролетната колекција на „Прада“. Книгата „Ѓаволот носи Прада“ на Лорен Вајнсбергер е инспирирана од ликот на Ана Винтур, а главната уредничка на Vogue навистина најчесто носи креации на познатата италијанска модна куќа. Така беше и на последното нејзино појавување, овојпат Винтур му пркосеше на поларниот вортекс што ги зафати САД токму со овој модел на „Прада“, а со појавувањето на настанот како да ги озваничи гласините дека Лена Данам, главниот лик од серијата „Девојки“, навистина ќе се појави на насловната страница на Vogue.
Нема коментари