Австралискиот моден дизајнер Тони Матичевски деновиве за време на Париската модна недела направи презентација на колекцијата за есен-зима 2018/19 преку фотосесија. За есенската сезона креаторот од македонско потекло посака да се „врати назад кон сржта“ на својот стил, а тоа е фузија на стар гламур со спорт-тек елементи. Матичевски прави спој на гламурозни тоалети во волуменозни делови со јакни од неопрен, набрани болера со хеланки, блузи со авангардни форми и здолништа од мрежест спортски материјал. Преовладуваат скулптурални облици и асиметрични кроеви, црната и белата со повремено користење на жолтата и пастелни тонови, а фотосесијата е инспирирана од работата на големиот Ирвинг Пен.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари