Манекенката Ирина Шајк позира во гламурозни комбинации од новата колекција на Зара, пригодна за вечерни излегувања, но и за претстојната празничка сезона. Сржта на колекцијата ја чинат макси фустаните со отворен грб, во кои ќе изгледате грациозно и самоуверено. Зара, исто така, го редефинира традиционалниот смокинг-костим, трансформирајќи го во симбол на смелата женственост. Впечатлив е фустанот со долги ракави украсен со светки, а брендот предлага и фустан со тенки прерамки од тантела, волуменозен мини фустан со спуштени раменици, модели од сатен или со реси.
Нема коментари