Свила, бисери и пердуви се материјалите од кои беше изработен гламурозниот венчален фустан кој го носеше асистентката на познатата модна дизајнерка, Ивана Кнез. Ивана Јуруковска е името на асистентката која викендот имаше голема свадба во Скопје со семејството и пријателите.
-Овој гламурозен свадбен фустан е работен со многу љубов за мојата асистентка. Креиран е од свила, бисери и пердуви кои и прилегаат на Ивана за овој свечен чин. За наредна година подготвуваме свадбена колекција која ќе даде особен печат за 2019 година во Драма студио – вели Ивана Кнез.
Нема коментари