• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

Уметникот Глигор Стефанов подари 21 дело на Музејот на современата уметност

Од stylist @StylistMKD · На јануари 29, 2020

gligor stefanov (3)

Еден од најзначајните македонски современици, уметникот Глигор Стефанов, кој минатата година имаше ретроспективна изложба во Музејот на современата уметност, одлучи делата од оваа поставка несебично да ги подари на музејот. По пат на подарок, уметникот ги пренесе неговите авторски права и овластувања на МСУ за сите дела од поставката „Грабење во просторот“.

„Горди сме што колекцијата на Музејот на современата уметност е побогата за една толку значајна збирка составена од 21 ремек дело на нашиот уметник, Глигор Стефанов“ велат од музејот.

По тој повод Стефанов, кој години наназад живее и работи во Канада изјави:

„Дарувањето е израз на благодарност и љубов. Не можам да го заборавам оној тмурен ноемвриски ден во 1981 година, неколку месеци по моето дипломирање, кога како млад и анонимен уметник, без препораки и познанства, влегов во канцелариите на МСУ за да замолам ако некој сака да го погледне моето портфолио. Таа посета на МСУ го промени мојот живот. Марика Бочварова во последен момент ме вклучи во изложбата “Млада Генерација”, Соња Абаџиева ме покани да земам учество во изложбата ”Интервенции во Простор”, Зоран Петровски ме предложи за наградата “Млад Борец” а Мирослав Поповиќ ме избра во годишната изложба “Критичарите бираат”. Така започна веќе познатата долгогодишната соработка. Конкретно, подарувањето на делата од ретроспективната изложба на МСУ е упатување на благодарност кон институцијата и секој еден со кој соработував и работев во минатото и во деновите на подготовки на истата, благодарност до сите што го вреднуваа и подржуваа моето творештво. Ретроспективната изложба, монографијата и сместувањето на делата во колекцијата на МСУ се една целина која ја заокружи мојата уметничка активност, која интезивно се одвиваше во 80те и 90те години на минатиот век и е директно поврзана со македонското поднебје и сензибилитет“, вели Стефанов.

gligor stefanov (2)

Стефанов според она што го прикажува, се потврдува како еден од најзначајните македонски уметници, чиј алтернативен однос кон скулптурата остави белези врз нашата ликовна сцена во последните четириесетина години. Користените елементи го приближуваат до одредници врзани за едноставното пренесување на пластичната мисла во системот на директна комуникација помеѓу свеста на посматрачот и на поимот, на значењето на делото. Самите акции на обраќање кон предметот се врзани за целосното почитување на неговите програми реализирани со несекојдневна енергија. Неговата главна преокупација е да се поврзе со обичната страна на предметната реалност што тогаш, но и сега ја добива актуелната смисла на прифаќање на делата како целина.

Идејата на скулпторот е да ги остава недопирливите вредности на фактурата или текстурата. Едноставно Стефанов ги издвојува од конвенционалната реторика и ги инкорпорира во контекст на идеите за „враќање на скулптурата“, но како амбиентална (како специфична инсталација) доведена до прагот на барањата просторот во кој е поставена да се подреди на неа. Затоа неговата скулптура е адаптивна како инсталација во различни амбиенти (ентериери или екстериери) задржувајќи ги битните својства на материјалот и формата.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • msu уметност

    МСУ блесна во сина боја како дел од „Светскиот ден на детето”

  • zabala photo Xavier Cervera уметност

    Светски познати теоретичари и експерти на уметноста ќе одржат онлајн предавања во МСУ

  • 1 уметност

    АКТО 2020: Мурал на Јана Јакимовска на фасадата на салата „Партизан“ во Кавадарци

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • prada

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

    јануари 18, 2021
  • Insta

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Јануарските стајлинзи на стилските ѕвезди

    јануари 18, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • адвоа и кесева абоа

    H&M ја најави следната дизајнерска колекција

    јануари 18, 2021
  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics