Славниот уметник Жан-Мишел Баскијат ја одбележа њујоршката сцена во 80-тите години и со своите дела, активности, дружење со уметници и важни личности на популарната култура, создаде аура на мистичност околу себе. Овој харизматичен сликар, графити уметник и поет, почина во 1988 година, а по неговата смрт до денес, неговите дела не биле изложени на поголема самостојна изложба или ретроспектива, па изненаде веста дека галеријата Барбикан во Лондон за следната година подготвува голема самостојна изложба на која ќе бидат изложени преку сто дела. Иако отворањето е закажано дури за 21 септемвро 2017 година, европската публика уште од сега се радува. Дел од изложбата ќе биде и неговото прво изложено дело – првично прикажано на групна изложба PS1 во Њујорк во 1981 година, како и слики и цртежи, некои од нив помалку познати на јавноста.
Нема коментари