Првата поголема инвестиција на Џесика Алба е токму овој дом во Лос Анџелес кој потсетува на куќичка на дрво и за кој актерката е многу приврзана. Толку многу, што иако сега живее во друга куќа, го задржала овој имот, го реновирала со помош на компанијата Consort Design, и сега го изнајмува. Според Алба оваа гостинска куќа или куќа за одмор треба да изгледа како микс на домашна атмосфера и хотелска соба. Затоа дизајнерите на ентериер се инспирирале од изгледот на омилените винтиџ хотели и гостинската куќа со две спални соби ја уредиле по вкусот на некој што сака да патува, но во исто време сака да се чувствува луксузно и сигурно како во сопствен дом. Коосновачот на Consort Design и соработник на Domaine Home, Мат Сандерс, пред неколку месеци ја реновираше спалната соба на Џесика, а сега беше ангажиран и во редекорирањето на оваа гостинска куќа. Основната палета е составена од сини нијанси, домот е разигран е со слики и уметнички дела, удобен винтиџ мебел, централно место имаат спиралните скали, а на мезанинот има богата библиотека. Сосема неодолив е и погледот од терасата од која се гледа панорама на Лос Анџелес.
Нема коментари