Модната куќа „Гучи“ во рамките на Меѓународниот саем за мебел Salone del Mobile во Милано, отвори привремен бутик посветен на уредување на домот, со мебел, предмети од порцелан и реставрирани старински парчиња. Двокатниот бутик Gucci Décor со адреса 19 Via Santo Spirito, ќе биде отворен до јуни годинава, изгледа како уредена куќа, а не продавница, и содржи дизајни со естетиката на „Гучи“ и максималистичкиот израз на креаторот Алесандро Микеле. Флора и фауна е главната тема, потоа има парчиња мебел со интензивни бои, украсни перници со мотив слични во модните парчиња на брендот, тапети кои изгледаат на раскошни таписерии, сервиси за јадење и кристални чаши, впечатливи фотелји и разни други предмети за домот.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари