Онаму каде што некогашната дизајнерка на „Гучи“ Фрида Џанини застана и тоа што не успеа да го направи, нејзиниот заменик на оваа позиција, Алесандро Мишел, успешно го реализира. По андрогената колекција за мажи за сезоната есен – зима 2015, претставена пред еден месец, вчера во Милано беше промовирана женската линија во сличен тон. На дебито на Мишел на Миланската моднанедела престави колекција што ја слави младоста. Парчињата за есен-зима се своевидно продолжение на машките креации, со мек и спонтан премин од унисекс парчиња до женствени цветни модели.
Мишел, кој претходно беше главниот дизајнер за модни додатоци „Гучи“, си игра со стиловите и материјалите, ставајќи значаен акцент да деталите. Стајлинзите се комплексна целина од разни елементите кои ги збогатуваат ткаенините, како везови, принтови, отвори , несекојндвени влакнести чевли, хисптерски очила, панделки , баретки, турбани и крзнени парчиња. Тука се и разградените ѓердани, машни-вратоврски и марами.
Дизајнерот тежне кон модно ослободување на жената, а тоа го претставува не само преку андрогените модели и кроевите позајмени од машкиот ормар, туку и преку изборот на материјалите, лелеави и транспарентни парчиња кои ја оцртуваат силуаетата и даваат безгрижност на дамите.
Уште еден значеен детаљ во доловување на слободата се птиците во лет, вткаени на здолништата, на предниот и задниот дел од џемперите и на деколетето. Креациите во себе содржат микс од култури и се надополнети со етно-шари и кроеви типични за историските костуми на повеќе источни и западни култури, без притоа да се нагласи една страна или да се костимизираат креациите. Олигледно е дека Алесандро Мишел донесе нова младешка енергија во „Гучи“, правејќи линија која ќе најде голема примена кај новите генерации, желни за експериментирање.
Нема коментари