Новата кампања на „Гучи“ за колекцијата предесен 2019 ги спојува максимaлистичкиот израз на дизајнерот на италијанската модна куќа Алесандро Микеле, со италијанската историја и уметност. За фотосесијата Микеле го избра островот Сицилија, поточно просторот околу рушевините на стар храм, кој сега е археолошки парк Селинунт. Кампањата фоторафирана од Глен Лачфорд претставува омаж на духот на VII век п.н.е., и инспирирана од поранешните собири, прикажува интересна група на карактери кои позираат околу столбовите на стариот храм. Во некаква модернизирана верзија на симпозиум, гледаме разни културни групи како што панкери, бодибилдери, сурфери, ролераши облечени во креациите на „Гучи“.
Нема коментари