Холандската дизајнерка Анук Випрехт подолго време истражува на полето на роботика во служба на модата и создава механички фустани кои реагираат на околината, но и со кои може да се контролира фустанот. Овој фустан во облик на пајак е втората инсталација на дизајнерката која комбинира мода и технологија. Се работи за 3Д испечатен фустан кој ќе ве одбрани од оние што влегле премногу блиску до вашиот „личен простор“, имитирајќи го инстинктот на пајак и исторемено ќе предизвика необична психолошка возбуда. Направен е во соработка со Intel, има бисерно бела боја и употребена е технологија на Rapid Made.
Нема коментари