Нема ништо ново во тоа дека обожаваме да носиме облека во бела боја за време на топлите месеци. Тоа добро го знае и модниот бренд H&M и во колекцијата за пролет-лето 2020 понуди голем избор на бели фустани и ни покажа дека само со едно модно парче ќе постигнеме успешен стајлинг.
Во колекцијата на H&M има неколку стилови на бели фустани – во вид на долги кафтани, модели со едноставен крој, фустани со балонести ракави или со ракави украсени со вез, долги модели од дупчеста ткаенина слична на англиски вез. Сите овие модели се удобни и лежерни,идеални за топлите денови.
Нема коментари