Су Хи, Надја Бендер, Џордан Дан и Андреа Дајакону се заштитни лица на новата кампања на шведскиот бренд H&M, The New Icons. Новите модни икони на етикетата позираат во сесија налик на фотографиите што може да ги погледнеме на модните блогови со интересни стајлизни уловени на улиците. Тие носат креации за престојната пролет, со темносина и црна основа, освежени со бели и крем парчиња. Застапени се неколку типа на панталони: молив модел, во машки крој, фармерки, како хеланки и комбинезони. Понудени се фустан со прерамки црни кошули и маици, мантил и палтенце без јакаи еден шарен модел. Изгледот е заокружен со позлатени синџирџиња
Нема коментари