• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
музика 0

Голем хуманитарен концерт за помош на лицата со интелектуална попреченост

Од stylist @StylistMKD · На април 11, 2017

Humanitaren koncert 1

Македонските бендови „Ареа“, „ПМГ колектив“, „Фанк шуи“, „Кара“ и „Линколн летер“ утре (12 април) во 19 часот ќе настапат на хуманитарниот концерт Teenage Riot кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје. Парите собрани од продажбата на влезници ќе бидат наменети за Центарот на поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. Концертот е во организација на средношколците од меѓународното училиште „Нова“ и е во рамки на програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“.

Станува збор за национална програма која се имплементира во сите општински организации на Црвениот крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 десиминатори кои работат со младинците. Како дел од неа, младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество. Воедно добиваат и практични знаењa како да изработуваат мали проекти за доброто на заедницата во која што живеат, проекти преку кои помагаат на ранливото население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3000 лица во нашата земја, на некои краткорочно додека за некои помошта е долгорочна.

PMG kolektiv

ПМГ колектив

Имплементацијата на програмата „Црвен крст во aкција – промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) оваа година e овозможена со поддршка на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвена полумесечина. Се прави во соработка со учениците од „Нова“ кои веќе реализираа повеќе проекти за помош на заедницата со цел да се помогне на одредени социјално загрозени или маргинализирани групи во општеството.

Насловот на настанот произлегува од песна на култниот американски бенд „Соник јут“, а бендовите кои ќе настапат се едни од најактивните на домашната сцена. Ќе свири рок составот „Ареа“ кој работи повеќе од две децении и е познат по хитовите како „Сите мои слики“, „Нешто недостасува“, „Одведи ме“ итн. „ПМГ колектив“ е еден од најактивните домашни бендови, а покрај познатите песни ќе презентира и свежи композиции. Дел од хуманитарниот концерт ќе биде и мелодичниот инди – состав „Милко“ кој функционира од 2006 година и досега има издадено два албуми.

Humanitaren koncert

Скопскиот бенд „Фанк шуи“ на утрешниот концерт ќе настапи заедно со неколку штитеници од Центарот на поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На настанот ќе свират и групите „Кара“ и „Линколн летер“ со што ќе се заокружи повеќечасовниот хуманитарен музички настан.

Цената на еден билет во препродажба е 250 денари, а на денот на концертот на врата ќе чини 300 денари.

Area

Ареа

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1hugel музика

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

  • pmg музика

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

  • milko музика

    Инди-рок бендот „Милко“ се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник”

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics