Организаторите на Канскиот филмски фестивал можеби забранија носење ниски чевли на црвениот килим, ама ние ви прикажуваме совршени начини како да носите ниски обувки со свечени комбинации кои изгледаат шик и сосема соодветни за настан со црвен килим. Целата контроверзата во Кан почна за време на премиерата на „Керол“, кога на неколку жени им било забрането да прошетаат на црвениот килим (иако уредни покани), само затоа што не носеле чевли со високи потпетици. Ова доведе до бурни реакции на социјалните мрежи. Настанот особено го осуди Емили Блант, која вчера во Кан го промовираше новиот филм, а нејзините колеги Бенисио дел Торо и Џош Бролин изјавија дека ќе облечат „штикли“ како протест на забраната. Во протоколот на фестивалот стои дека за гала премиерите постои дрес-код – смокинг и свечен фустан, но ништо не пишува за чевлите и нивната висина.
Оваа забрана е малку чудна, затоа што Ума Турман и Инес де ла Фресанж токму на Канскиот фестивал се имаат појавено на црвениот килим во свечени тоалети и интересни вечерни ниски чевли или сандали. Модната миленичка Алекса Чанг многу често носи ниски чевли на ексклузивни настани, а овој изглед го пробале и Шарлиз Терон, Никол Кидман и други холивудски ѕвезди. За оваа тенденција сме пишувале и на Stylist.mk, а еве нова модна доза на примери на носење ниски обувки во свечени пригоди.

Нема коментари