Продавниците и каталозите на брендот ИКЕА секогаш нудат идеи за уредување на домот, со широка понуда на мебел, предмети и разни декоративни детали. Од новиот каталог селектиравме неколку идеи за складирање и чување на облека и разни предмети во домот, а кои имаат практична, но и естетска улога. ИКЕА има голем избор на плакари и механизми за организирање на облеката во плакарите, како и симпатичен бордо штендер со полици. Книгите и декоративните предметите можете да ги чувате на полици, а разните потреби ќе ги задоволат и комодите, наткасните и количките на тркалца.
Нема коментари