Иако до почетокот на летото има уште неколку месеци, шведскиот бренд ИКЕА веќе ве подготвува за топлото време со летната колекција која од следниот месец ќе се најде во продавниците. А со новата колекција ИКЕА ќе ве подготви за забава на плажа, пикник во градина или кампување во природа преку парчињата во бохо-стил и со интензивни бои. ИКЕА предлагa креветчиња и столици на расклопување, чадори за сенка, прекривки за на плажа, потоа сет гарнитури од ратан за градина, шарени чаршави, светилки, перничиња, сламени корпи, чинии и чаши, многу предмети со шари и бои со кои ќе бидете спремни за следната летна авантура.
Нема коментари