Актерката Меган Маркл ни е позната по улогата во серијата Suits, уште повеќе како девојка на британскиот принц Хари, но и по нејзиниот личен стил кој го пофалија модните познавачи. Како расте вниманието за Меган, која веројатно наскоро ќе стане дел од британското кралско семејство, расте и интересот за сè околу нејизниот живот и меѓудругото како се облекува и негува. Познатите и богатите обично користат скапи козметички производи од луксузни брендови кои ретките можат да си ги дозволат, но Меган го откри својот омилен производ и на изнедадување – тој не е многу скап и може да го најдеме и по нашите продавници.
Меган во интервју за Beauty Banter ги открива омилените производи и шминки, ама еден го издвојува најмногу – лосионот за тело Nivea Skin Firming Hydration Body Lotion со Q10. „Го користам ‘религиозно’. Искрено ова е мојот омилен лосион на пазарот, има толку прифатлива цена и ја прави мојата кожа да изгледа и да се чувствува неверојатно“, вели таа за нејзиниот „таен“ производ.
Нема коментари