Природни текстури, пудрести нијанси, мотив на папрат, цветови и будење на природата се темата на новата колекција за уредување на животниот простор на Zara Home. Наречена In Bloom/ Florist, колекцијата содржи мека и свиленкаста постелнина во пастелни тонови на розова, сина и зелена, мебел и предмети за домот од природни материјали и со златни акценти, чаршави и украси со мотив на папрат, миризливи свеќи и стапчиња кои повикуваат на релаксираност и благосоствојба до домот, доза на рустикалност и многу цвеќиња кои ќе донесат пролетна свежина во просторот на живеење. Во Zara Home ќе најдете и мебел и предмети за во кујна и купатило, предмети за уредување на спални и дневни соби, но и парчиња за оплеменување на терасите и дворовите во кои ќе го минувате времето во пролетните денови.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари