Една од најпознатите Инстаграм модни ѕвезди Луси Вилијамс скоро една деценија е во модата, работејќи прво во неколку британски списанија, а подоцна сосема непланирано станала Инстаграм инфлуенсерка. Додека работела на бројни фотосесии почнала да слика некои од комбинациите и да ги објавува на својот блог Fashion Me Now, а како со текот на времето привлекла внимание со својот стил и почнале раразните ангажмани, Луси одлучила да се посвети само на блогерството и на Инстаграм објавите. Повремено се појавува во рекламни кампањи и работи како фриленс консултант. Сака лежерни комбинации, мода што реферира на 70-тите, често соработува со брендот „Манго“, вели дека својот стил го градела на модните грешки, личната еволуција и во последно време се инспирира од Скандинавките. Сака да експериментира и смета дека денеска изгледа помладо и поразиграно отколку кога имала 25 години. Го посетивме нејзиниот Инстаграм профилот во потрага по есенска модна инспирација и наидовме на комбинации кои се носливи и лесни за копирање.
View this post on Instagram
Sunday’s at home as captured by @whowhatwear.uk @philltaylormade ♀️ Full feature is now live on Who What Wear U.K. ❤️ A post shared by Lucy Williams | Fashion Me Now (@lucywilliams02) on
Нема коментари