Ако ги следите Инстаграм профилите на модните ѕвезди и инфлуенсери во последно време, сте забележале дека фотографиите многу блештат и светкаат. Овој светкав ефект е резултат на апликацијата KiraKira+ која сега една од најпопуларните апликации на Apple App Store, иако апликацијата постои уште од 2015 година. Апликацијата што е засега достапна само iOS апаратите, е доста лесна за користење, всушност е слична на Snapchat. KiraKira+ има седум филтри на светкање (Twinkle, Airly, Color, Shine, Bling-bling, Glare и Kirakira), со кои може да се нагласи сè што емитира светлина или блескање. На пример, сребрените чизми или модните парчиња со светкави камчиња или шљокици, со апликацијата уште повеќе ќе светкаат.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари