Германската модна и лајфстајл блогерка Каролин Даур на својот блог caro.daur.com лансиран во 204 година пишува за мода, убавина и патувања, а со својот личен стил доминира на фотографиите на улична мода уловени за време на клучните модни недели. Таа е една од оние инфлуенсерки која е препознатлива по суптилното применување на новите трендови и инспирации и носење дизајнерски парчиња на свој начин, а кога не се дотерува за модни настани се облекува практично и според расположение.
Соработувала со Dolce & Gabbana, Fendi, Dior, Valentino, Off-White, Adidas, Roger Vivier, Cartier, Levis, се има појавено во кампањи за Mac, APM и како модел на ревија на Dolce & Gabbana, а за неа и нејзиниот стил пишувале познатите модни публикации Vogue, Elle,Harper’s Bazaar, InStyle, Grazia, Who What Wear, Refinery 29… Како и повеќето блогерки се впушти во бизнис и креираше хулахопки за Calzedonia, кармин за MAC и патики за Superga.
„Мојата стилска филозофија е да се забавувам и самоуверено да ја носам облеката. Секогаш велам дека јас сум „камелеон“. Понекогаш сакам да се облекувам како принцеза, ама другиот ден можеби ќе облечам нешто андрогено. Сакам да создадам изглед кој е спој на кежуал и луксузна мода, кој може да се носи секојдневно и на другите ќе им послужи како инспирација“, вели таа за својот стил и за тоа дека без проблем комбинира дизајнерски парчиња со облека од Zara каде што често купува. На Инстаграм има преку 1.7 милион следбеници и токму од нејзиниот профил ги селектиравме следниве зимски комбинации кои можат да ви послужат како стилска инспиација.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари