Инстаграм воведе промена и за првпат на своите корисници им дозволува да менаџираат повече акаунти истовремено без остојано одлогирање и логирање. Ова им е од корист на оние кои имаат свој личен профил на популарната апликација за споделување фотографии, но се грижат и за еден или повеќе акаунти поврзани со професијата. На пример, може да раководите еден приватен, еден за својот блог или вебсајт, а уште еден за вашето милениче (да, профилите со домашни миленичиња се мошне честа појава на Инстаграм). Оваа можност ја олеснува и работата на бренд менаџерите и на маркетинг агенциите кои се грижат за повеќе акаунти на своите клиенти.
Процесот на додавање нов акаунт е едноставен, важи и за корисниците на Android и за iOS, повеќе инфо на овој линк, каде што ќе најдете инструкции.
Нема коментари