Популарната апликација Инстаграм конечно ја воведе долгоочекуваната опција за зумирање на фотографии. Веројатно многу пати ви се случило при разгледувањето на фотографиите на Инстаграм да посакате да приближите некој детаљ, па во новото надрадување вклучена е можноста за зумирање. Опцијата вклучува зумирање и на видеа, а оваа новина засега е достапна за сите iOS корисници, наскоро во неа ќе уживаат и корисниците на Android.
Нема коментари