• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Ана Ендровска: Bella секоја нова колекција ја посветува на модерната македонска жена

Од stylist @StylistMKD · На јануари 26, 2018

bella ana2

Со секоја нова колекција, Ана Ендровска, дизајнерка во еден од најпрепознатливите македонски брендови Bella, прави успешен баланс меѓу трендовите и класиката, по вкус на модерната и деловна жена. Оваа млада креативка, зад која стојат голем дел успешни модели, ни раскажува за нејзиното искуство, можноста да се работи за брендот кој постои повеќе од 26 години , за идните планови и предизвиците.

*Дел сте од тимот кој стои зад успешната модна приказна на еден од најпрепознатливите домашни брендови за женска облека – Bella. Што претставува за Вас ова искуство, како е да се работи во ваква компанија со повеќе од 25 години традиција?
-Bella е бренд со голема традиција, бренд кој е целосно посветен на македонската модерна жена. Желба на секој дизајнер е да има слобода да ја истакнува својата креативност преку своите креации, но тоа не е доволно за да се изградиш како комплетен дизајнер. Искуството и знаењето што секојдневно ги стекнувам работејќи како дизајнер за овој бренд е непроценливо. Мојот ментор Весна Ендровска, основоположник на Bella, ме научи дека иако секогаш се тргнува од идеја, за реализација не е доволен само цртеж, туку е потребно и познавање во сите последователни процеси во самата изработка на моделот, од првична идеја до готов производ. Весна е дизајнер со огромно искуство и несебично го споделува своето знаење со целиот тим на Bella.

*Како ја одбравте оваа професија и како се развивате низ годините? Раскажете ни накратко нешто повеќе за Вас.
-Отсекогаш сум била љубител на уметностите. Уште од малечка сум покажувала интерес за сликарство, музика и дизајн, па затоа струката ја избрав без многу двоумење. Дипломските и пост-дипломските студии ги завршив во Фиренца – лулка на умететноста и дизајнот. По струка сум дипломиран дизајнер за Внатрешна Архитектура и Индустриски Дизајн. Почетоците во Bella беа предизвик, иако тесно поврзани, во самиот процес на креирање, модниот дизајн за мене беше непознато поле. Секојдневно учам нови работи и стекнувам нови искуства проследени од проблемите со кои се соочуваме во разните процеси, дизајнот и производството. Модната индустрија е динамично поле и трендовите се менуваат со огромна брзина. Како дизајнер, настојувам да ги следам тие промени и новитети, кои подоцна ги имплементирам во сопствените креации.

Ana2

Ана (лево) на одбележувањето на 25 годишнината на Bella

*Каков е процесот кој ја претвора идејата во финален производ кој потоа можеме да го најдеме во една од Bella продавниците?
-Идејата е само еден мал сегмент од целосниот производ, а таа најчесто и се менува во текот на самиот процес на изработка. Но, секако најпрво се почнува од тоа. Потоа се бираат материјалите кои се најсоодветни за тој модел и се изработува прототип. На самиот прототип се гледаат сите недостатоци и измени кои треба да се направат за да се доведе моделот до перфекција. Откако тој процес е завршен, моделот е подготвен за производство. Моделарите го подготвуваат шнитот кој се пренесува дигитално од хартија во специјален CAD програм каде што се подготвуваат шемите за кројна слика за целата серија. Така скроените парчиња се спремни за следниот процес на изработка, односно шиењето. Тој дел од производството е многу покомплексен бидејќи се состои од комбинација на разни процеси како шиење, распеглување, рачно дошивање на детали (копчиња и украси), проверка на квалитет и финалниот процес на пеглање. Така подготвените парчиња се пренесуваат во магацин, повторно се проверуваат и се подготвуваат за продажба.

*Каков статус имаат денес модните дизајнери кај нас? Дали имаме доволно голем пазар и побарувачка на модни парчиња од домашно производство?
-Во последниве неколку години, генерално дизајнот и квалитетот на изработка се издигнати на многу повисоко ниво. Се појавуваат многу нови и потенцијални дизајнери кои имаат добра основа и се трудат максимално да ги следат светските модни трендови. Со тоа мислам дека и свеста кај луѓето за поддршка на овие млади дизајнери е зголемена. Но сметам дека пазарот е сè уште мал за да може дизајнот да се цени, а трудот и квалитетот да се наплатат по заслужената цена.

Ana1

Ана дипломските и пост-дипломските студии ги заврши во Фиренца и сега е дип. дизајнер за Внатрешна архитектура и Индустриски дизајн

*Каде најчесто наоѓате инспирација за креирање на моделите?
-Во денешно време, бомбардирани сме со информации од сите страни, па затоа сметам дека не е воопшто тешко да се дојде до инспирација за модел или колекција. Најчесто тоа може да биде и самиот материјал и боите кои се актуелни за таа сезона. Секако тука се и модните трендови кои се наметнуваат. Исто така имам привилегија да соработувам со млади и креативни луѓе, што секојдневно  инспирираат и  даваат идеи за нешто ново.

*Со вашите дизајни ја истакнувате женственоста и елеганцијата на една модерна жена. Дали можеби имате омилени материјали и бои за креации, или тоа зависи од сезоната и модните трендови што се менуваат?
-Еден од главните приоритети на Bella е употребата на природни материјали, како памук, волна, кашмир, свила, лен и многу други, кои за разлика од синтетичките материјали треба да се третираат со посебно внимание. Не би можела да издвојам некој посебен материјал или боја. Сè зависи до изработката на самата ткаенина. Понекогаш некои материјали кои не изгледаат убаво на прв поглед може да изненадат во финален производ што изгледа беспрекорно добро. Додека боите ги диктираат сезоната и модните трендови, во Bella секогаш ги бираме оние што сметаме дека се најсоодветни за нашите клиенти.

bella ana

Елегантен црн фустан со модерен призвук од новата колекција за зима 2017/18

*Што мора задолжително да има секоја дама во својот гардеробер?
-Kласично црно палто е задолжително безвременско парче. Може да се комбинира со фармерки или црн коктел фустан. Соодветно за секоја прилика. Исто така и црн коктел фустан, кој ја истакнува женственоста, но истовремено е синоним за елеганција и префинетост. Меѓу задолжителните парчиња е и класичниот црн волнен капут, во кој секогаш ќе изгледа елегантна и дотерана.

*Што Ви претставува професионален предизвик? Која е Вашата визија и кои цели сакате да ги исполните во име на модниот бренд Bella?
-Како дизајнер во Bella секојдневно се соочувам со нови предизвици. Секоја следна сезона е нов предизвик, како што напоменав, модната индустрија и трендови галопираат пред нас, а ние во Bella се трудиме секојдневно да ги следиме со истата брзина. Визија на целиот тим е да отвориме врати за овој бренд на надворешен пазар.

*На што сте особено горди од изминатиот период во Bella и што ново може да очекуваме во оваа година? Дали веќе се подготвува новата колекција?
-Секоја нова колекција е нов успех за нас, а чекорите до тој успех не се воопшто едноставни. Во секоја следна колекција пробуваме да внесеме новитети во начинот на изработка, и во подобрување на изгледот и квалитетот на самиот производ.  Новата колекција е веќе во изработка, исто така се подготвува нов пролетен едиторијал со нашите заштитни лица – Росана Јанков и Елена Стојановска-Јанковска, кои  беспрекорно добро го штитат идентитетот на овој бренд, но воедно претставуваат и пример за модерни и деловни жени.

Ana4

Ендровска: „Во секоја следна колекција пробуваме да внесеме новитети во начинот на изработка, и во подобрување на изгледот и квалитетот на самиот производ“

BellaАна ЕндровскаВесна ЕндровскаЕлена Стојановска-Јанковскамакедонски моден брендРосана Јанков
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics