• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 2

ЕЛЕНА ТОДОРОВСКА-ЕФТИМОВА: Боемски креации за независни и храбри жени

Од Ана Несторовска · На март 10, 2015

nalini (1)

„Отсекогаш ме инспирирал боемскиот начин на живот – слободата во размислувањето, облекувањето  и однесувањето. Секогаш кога создавам некое ново парче облека на ум имам независна и храбра жена, која патува и открива нови предели во себе и во светот. Мојата девојка е креативна, со слободен ум и дух, храбро експериментира со материјали и не се плаши да комбинира неколку слоеви различна облека. Сакам уникатни парчиња облека, што раскажуваат некоја приказна, што имаат некое подлабоко значење. Ме привлекува невообичаениот микс на различни стилови и навидум неспоиви нешта. Отсекогаш ми се допаѓала неоптовареноста со облекувањето – да изгледаш добро, но да не поминеш премногу долго време размислувајќи за тоа“-ја почнува својата модна приказна новинарката и дизајнерка Елена Тодоровска-Ефтимова.
Креира уникатни  рачно плетени здолништа, венчални фустани од памучна газа, кимона од  индиски сари, плетени шалови, меки палта од неколку слоја материјал… Благодарение на нејзината онлајн продавница NaliniShop  девојки во Париз,  Данска, Германија,  Јапонија и Америка носат дизајни со потпис на Елена.

nalini (2)

Деновиве ја промовира својата нова колекција, за кога изработи фотосесија со манекенката Елена Анѓеловска.
- Квалитетните фотографии се неопходни за секоја онлајн продавница, па затоа соработувам со мојот сопруг и со фотографското дуо Ани и Дими, кои се мои многу добри пријатели и со кои делиме ист сензибилитет кон уметноста. Кога Ани ми ја предложи манекенката Елена Анѓеловска за соработка, веднаш ми се допадна. Нејзиниот магичен изглед, надополнет со нејзината професионалност, ведриот дух и тоталната опуштеност, совршено се вклопи во целата идеја за мојата замислена боемска принцеза-вели Тодоровска-Ефтимова.

>> Остануваш доследна на својот бохо-имиџ на дизајнирање и во новата колекција, какви материјали и форми се застапени овој пат и колку при креирањето се водеше од светските трендови?
-Имам неколку нови дизајни на рачно-плетени здолништа, шалови со ленти од индиско сари, меки и топли палта. Особено популарни ми се венчалните фустани од газа со рачно плетени додатоци. Во светот, сè повеќе  невести ги избираат алтерантивните венчални фустани, кои се поблиски до нивниот секојдневен начин на облекување. Се надевам дека за некоја година белите „тортести“ фустани конечно ќе станат „изумрен вид“ и секоја невеста ќе си биде доследна на својот стил.
Никогаш не ги следам модните трендови, туку се водам според внатрешното чувство и знам дека ако на мене ми се допаѓа, тоа е она вистинското. Верувам дека секој си има своја публика и дека нештата сами си го наоѓаат патот до нивниот вистински сопственик.

nalini (3)

>>Какви техники и материјали користиш за креирање на моделите?
-Од ткаенините, крајно инспиративна ми е памучната газа. Таа е природна и толку мека при допир со кожата. Толку е благородна и ти дозволува како сакаш да си играш со неа. Понекогаш ја ставам во центарот на вниманието, некогаш ја користам во заден план – како постава. Ако сакам да ја збогатам, додавам некоја памучна плетенина или рачно принтан индиски памук.  При креирање на облеката, важно ми е парчињата да ја следат линијата на телото, дискретно да ја потенцираат женственоста, но притоа секогаш оставам доволно простор за дишење и танцување.

>>Од што најчесто црпиш инспирација?
-Мојот креативен процес е повеќе чувство. Се опкружувам со материјалите и тантелата и речиси никогаш однапред не знам што ќе направам, сè додека тоа не се случи. Често црпам инспирација од патувањата, било да е внатрешно патување на умот, срцето и духот или некое патување во некоја нова и непозната земја. Особено сум луда по старите индиски сари, кои носат магични и непознати приказни за нивните создатели. После толку години носење и безброј пати  перење, свилата и памукот се претвораат во најмекото нешто што некогаш сте го допреле. Ги користам за изработка на свилени кимона, за палта или ги вметнувам во фустаните и здолништата. Ги обожувам нивните мали несовршенства – истегнати конци, мали дупчиња, дамки, избледеност. Тие ја раскажуваат нивната историја и патот кој што го поминале пред да дојдат кај мене. Но, најмногу ми се допаѓа тоа што ја откриваат нивната старост гордо, гламурозно и без трошка срам.

nalini (4)

>> Своите креации ги претставуваш  на светскиот пазар преку својата NaliniShop. Кога настана и што означува називот?
-Веќе две години дизајнирам облека за мојата интернет продавница NaliniShop (www.nalinishop.etsy.com) на Etsy.com, светски познатата платформа за продажба на рачно изработени предмети, облека, накит. Налини на Санскрит значи лотус, прекрасно и Хинду божицата Гајатри. Креирањето за мене значи духовна храна. Потрагата по стари материјали и чипки, за мене е авантура, потрага по скриено богатство и лекција по историја. Овој дел од процесот го обожавам! Најчесто не се фокусирам на временски периоди, туку повеќе на тоа како тој предмет прави да се чувствувам, каква приказна раскажува, неговата текстура, боја.
Посебно ме инспирираат старите парчиња материјали, кои ги вметнувам во креациите. Тоа најчесто се квалитетни материјали, стари по неколку десетлетија. Особено ми се допаѓа што повеќето од нив со текот на времето добиваат уште подобар квалитет – на пример, рачно ткаеното платно или плетниот чаршав од памучен конец, стануваат уште помеки. Особено инспиративно ми е купувањето материјали – никогаш не знам на што ќе налетам. Може да биде прекрасно индиско сари, рачно принтан индиски памук или некој преубав рачно везен узбекистански Сузани текстил.

nalini (10)

>>Kаде сè може да се набават твоите парчиња и каков е фидбекот?
Засега моите парчиња облека можат да се најдат единствено online на Etsy. Искуството со кое се здобив овие две години, работејќи online продажба е непроценливо. Секој ден сретнувам различни луѓе од целиот свет, секој со своја приказна. Особено ми е драго што моите дизајни се носат на улиците во Париз, Јапонија, Америка, Данска, Германија. Добивам преубави пораки од луѓето, дел од нивната животна приказна и тоа ме полни со светла и убава енергија. Особено сум горда на 100 отсто успешниот фидбек на мојата продавница, каде купувачите оставаат прекрасни мислења за купениот продукт.
Продажбата на Интернет си има свои предности и недостатоци. Само на страната на Etsy има регистрирано повеќе од еден милион продавници од цел свет. Конкуренцијата е огромна, но јас верувам дека има место и публика за секој. Во online бизнисот најмногу ми се допаѓа што можам сама си го планирам времето и работам кога мене ми се работи. Одам на планина или на море со семејството, а облеката понекогаш сама се продава. Можеби  звучи како лесна работа, но Интернет-продажбата воопшто не е тоа. За да имате моменти кога продавницата работи сама, потребни се долги часови пишување на описи, смислување фотосесии, барање модел, избирање фотографии, ставање добри дескриптивни наслови и клучни зборови.

nalini (7)

>>Покрај тоа што твоите креации ги носат девојки од целиот свет, моделите се појавија во меѓународни списанија. Како дојде до овие објави?
-Моите креации неколку пати досега се појавија во познатото американско списание Belle Armoire, чиј уредник ме контактираше. Тоа е одличен начин на промоција и добивање нови клиенти. Годинава планирам поактивен маркетинг, што ми е една од послабите страни.

nalini (8)

>>Ти си новинарка по професија. Како ти се разви интересот за создавање на модни парчиња?
-Немам формално модно образование, но убавиот вкус, уметноста и рачната работа се присутни со генерации наназад во моето семејство. Сите ние во нас ја носиме енергијата на нашите предци, па така и јас.

>> Колку новинарството се надополнува со твојата потреба за креирање?
- Во текот на денот „жонглирам“ меѓу неколку улоги: новинар, сопруга, мајка и дизајнер. Во меѓувреме сонувам за патувања во нови и непознати предели, дрвена куќичка покрај езеро, моја работилница и уживам во гушкањата со Наил и Наја, во чајот од лаванда и Пало Санто стапчињата.

nalini (9)

nalini (5)

nalini (6)

Belle ArmoireEtsyNaliniNaliniShopЈапонијаАмерикаАни и Димибохо стилвенчален фустангазаГерманијаДанскаЕлена АнѓеловскаЕлена Тодоровска-Ефтимоваиндиски памукиндиски саримакедонски дизајнериновинаркаонлајн продажбаПаризсвилаСузани текстилтантелаФото: Ани и Димихиндухипи стил
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

2 Коментари

  • Bojana вели: март 12, 2015 на 09:17

    Прекрасни креации. Се гледа дека се убаво изработени и од меки и пријатни материјали.

    Одговори
  • Напиши одговор на Bojana Откажи одговор

    ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

    Калеидоскоп

    • ivana manas (2)

      Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

    Модна азбука

    • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

      јули 29, 2021

    Видео

    • skjapareli

      Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    Follow @stylistmkd
    Follow on Instagram
    Follow on rss

    НАЈНОВИ ОБЈАВИ

    • sarastoi

      Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

      април 1, 2026
    • 1

      Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

      март 31, 2026
    • fwsk

      Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

      март 30, 2026
    • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

      Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

      март 28, 2026
    • 1oskar26

      ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

      март 16, 2026

    Убавина

    • 3

      Совети за пролетен блескав тен

      април 15, 2025
    • eucerin

      Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

      јануари 13, 2025
    • eucerin (2)

      Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

      декември 16, 2024
    • geske

      Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

      ноември 18, 2024
    • naslovna

      Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

      ноември 5, 2024

    Живот

    • 1

      Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

      март 31, 2026
    • 1

      Витаминска бомба од 17 состојки

      јануари 9, 2026
    • winter festival

      Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

      декември 24, 2025
    • Poster-so-logoa-story_1

      Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

      ноември 6, 2025
    • KID-EXPO--poster

      Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

      октомври 2, 2025

    Култура

    • 1 OSCARS o_38572296_1280

      ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

      март 16, 2026
    • zizel

      Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

      февруари 19, 2026
    • 1

      „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

      февруари 18, 2026
    • 1hugel

      Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

      февруари 16, 2026
    • novogodisen bazar

      Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

      декември 16, 2025

    Тагови

    Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
    • Дома
    • Контакт
    • За Stylist.mk
    • Маркетинг

    © 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics