• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Горан Костовски-IndOg: Дуксери што зборуваат гласно за промени

Од Ана Несторовска · На декември 31, 2015

Celebrate Life-speak Loud  (4)

„Тишината не значи слобода. Затоа, зборувај гласно“. Ова е пораката што ја носат новите дуксери на визуелниот уметник и графички дизајнер Горан Костовски- IndOg. Авторот, кој под својот бренд Celebrate Life традиционално лансира блузони со впечатлив дизајн и напис, овој пат со мини-колекцијата Speak Loud искажува протест против долга листа на неправди што го опкружуваат нашето секојдневие.

-Celebrate Life e општ протест врз целосното деструктивно опкружување кое што ние го живееме. Впрочем беше создаден во најтешките мигови на нашето општество и непрепознавање на средината секогаш мапира одредени промени кои што се случуваат и менуваат. Како што знаеме, секој дизајн со себе носи разни промени во општеството како: возењето велосипед, исчезнувањето на ноќниот живот и забава и појавувањето на новите музички предизвици, погледнувањето длабоко во себе да се пронајдеме кои сме и што сме, медитациите, веганството и здравиот начин на живот…претставување на мачната реалност на еден поинаков начин.Оваа мини колекција има за цел да ги доближи оние работи кои што се околу нас, а упорно ги игнорираме како да не постојат. Овој пат зборува за чистиот воздух и уништувањето на животната средина, цензурата, стравот од себе, хомофобијата, родовата нееднаквост.  Впрочем, човековите права се секогаш дел од Celebrate Life со самиот факт дека се работи за unisex облека,  антифашизмот, правата на животните, јавните простори и сите оние работи кои што нè засегаат нас како млади луѓе-вели IndOg.

Celebrate Life-speak Loud  (2)

Фотографиите ги сними Мартин Сароски, а како модели се јавуваат Иле и Ива

>>Новата колекција нема само дизајнерски исчекор, туку носи силна порака. На која група луѓе се обраќаш со „зборувај гласно“?
-Се обраќам на сите обесхрабрени, уплашени/дискриминирани луѓе кои секојдневно проживуваат хорор и терор. Но, исто така и ги поздравувам сите оние што се залагаат и работат за подобар живот и не се плашат да го изразат сопственото мислење. Не постои одредена целна група на ниту еден  производ на Celebrate Life . Брендот целосно е ослободен од сите правила.

>> Колку модели има во мини линијата, какви материјали и бои избра за оваа приказна?

-Плановите за оваа сезона беа поинакви, но зажал Celebrate Life е Do It Yourself label (направи сам бренд) и тешко се развива. Кај нас нема некаква финансиска поддршка за уметност како што јас би сакал да биде, но тоа не значи дека нема да престанам да го правам сето ова. Повторно се застапени два дизајни во црна и сива боја. Сивиот дуксер е инспириран од една позната реченица која што ние скопјани често си ја збориме кога мислиме на зима и смог, а таа е „Скопско сиво“. Патентоте до горе на качулката и ја претставува целата цензура што индивидуалците ја доживуваат секојдневно изразувајќи се. Црниот дуксер, пак,  го презентира мракот што го преживуваме и тој вреска и `рже за промена. Дуксерите се памучни и овој пат илустрациите се поинакви. За прв пат употребувам двобоен принт бидејќи Celebrate Life е претпознатлив по еднобојниот принт на текстилните производи.

Celebrate Life-speak Loud  (6)

>>Како се роди идејата за концептот на дизајните?

 -Од опкружувањето што го преживувам.  Кај нас воопшто не е тешко мапирањето проблеми . Секојдневно разговарам со различни луѓе кои прилично супер ме инспирираат.  За мене беше шокантно кога една другарка, со која што разговарав и не се согласувавме, неколку пати мораше да ми потенцира дека тоа е само нејзино мислење и беше преплашена што размислува поинаку и си го остварува сопственото демократско право да зборува и размислува, па морав да ѝ објаснам дека е сосема ОК што не размислуваме исто. Тоа тотално ме инспирираше. Покрај реалните случки, морам да признаам дека музиката секогаш има удел во создавањето на дизајните. Инспирација за оваа сезона беше и локалниот супер херој Страјк, со неговиот албум „Земен рај“ и фантастичното музичко возењена бендот од Сан Диего, Калифорнија, Drive Like Jehu.

 >> Во новата фотосесија студиото го замени со скопскиот смог. Каде се снимени фотографиите и со кого соработуваше на сесијата?

-Совршено се поклопи сесијата со концептот и е дело на Мартин Саровски, супер квалитетен фотограф од помладата генерација. Јас најмногу сакам да работам со луѓе кои што се посветени кон тоа што го прават бидејки тогаш соработуваме беспрекорно. Сликавме во екстремно ладна и загадена вечер на Железничката станица, која што е супер архитектонски изведена… Прилично носталгична локација во ова веќе непостоечко и непознато Скопје. Им благодарам на Скејтерот Иле и на Ива, кои што се јавуваат како модели.

Celebrate Life-speak Loud  (3)

>>На социјалните мрежи постојано постираш твои цртежи во кој го критикуваш загадувањето во Скопје, но го искажуваш својот став и против други нешта што го загадувааш умот на граѓаните… Што сè те гуши како артист и млад жител на метрополата, и колку креативноста е спас од сето тоа?

-Граѓанинот мора да биде активен во средината која што живее доколку сака да живее. Мене бедата ме тера на продуктивност. Уметноста е мојот начин за изразување на незадоволството. Цртам дека има надеж, дека ќе биде подобро дека секоја промена започнува од нас самите, доколку се разбира ние сакаме. Големината на едно општество е кога некој допринесува да биде подобро, а не колку има. Ме мачи неможноста да се изразувам како што јас сакам. Ме мачи што немаме поддршка, алтернативни простори и галерии. Ме мачи што живееме во тотално деструктивно цензурирано време, каде што сите што умеат да допринесат за тоа да биде подобро се отфрлени. Ме растажува фактот што секој втор човек што го познавам си оди и ме костреши помислата што еден ден веројатно ќе морам и јас да емигрирам. Ме гуши моментот што секојдневието е тажно и кога си среќен за нешто ти е незгодно што ти е така. Цртам за денот кога ќе се сретнам на улица со некого и да не ни биде муабетот колку е тапа и да ме советува да си одам од тука… Креативноста е вентил и начин на изразување и среќен сум што ете и од целата бедотија јас изнаоѓам начин да си најдам, но и да дадам надеж и утеха преку нејзе.

Celebrate Life-speak Loud  (5)

>>Со што се занимаваш изминатиов период, што се создава во твојата работна соба во моментов?

-Тука одамна не добивам работа како фриленсер илустратор и дизајнер, па имам супер време за да се посветам на лични проекти, а и на себе си. Перидов бев ангажиран како професор во некои програми за неформално образование и навистина уживам во сето тоа да пренесувам што знам, а и да научам и јас нешто. Цело време цртам и имам две подготвени изложби. Едната се вика: „Емигрирани во слобода“ во чиј фокус се птици цртани со акрил на картонски отпадоци пронајдени на улиците низ Скопје. Го третирам односот на луѓето во својата средина и отфрлувањето од истата за да ја пронајдат својата подобра иднина. Другата, пак, се вика: „Емоции за мртвиот град“ и содржи дигитални графики (името кажува сè за нејзе). Исто така имам некои нацрт скици за Celebrate Life накит, но за тоа кога ќе дојде време и доколку се реализира.

 

Celebrate Life-speak Loud  (8)
Celebrate Life-speak Loud  (7)
Celebrate Life-speak Loud  (2)
Celebrate Life-speak Loud  (1)

IndOgSpeak LoudблузониГоран Костовски- IndOgдуксериСкопје
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • nike shzk (8)

    VIVA LA REEZICK: Новите патики Air Max Viva и производите на „Шизик на ризик“ го одбележаа денот на Air Max

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • 2

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Фармерки + дамско сако

    април 9, 2021
  • belgraders in belgrade

    Инстаграм профил кој го лови автентичниот уличен стил на Белград

    април 9, 2021
  • 6

    Шик идеи за деловни комбинации погодни за променливото пролетно време

    април 8, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021
  • 1 louis-vuitton

    Louis Vuitton ја откри новата хипнотичка фасада на својот бутик во Токио

    март 29, 2021
  • 1

    Јапанди најпопуларен тренд на уредување на домот

    март 23, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics