• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА: Патот на зачините води до Шангај и Бомбај од 20-тите

Од Катерина Трајановска · На октомври 17, 2014

Lidija-Ani-i-Dimi-2

Црн фустан во доработка, маса со кутивчиња мониста, мохерни парчиња во кои се прелеваат црвени и индиго-сини тонови, a бел краток слоевит фустан украсен со мониста веќе е поставен на манекенскаta кукла и ги чека последните финеси… Вака деновиве изгледа работниот простор на дизајнерката Лидија Георгиева која се подготвува за два модни фронта, на 23 октомври настапува на ревија во склоп на Белградската модна недела (Belgrade Fashion Week), а потоа на 26 октомври македонската публика премиерно ќе ја види новата меѓусезонска колекција The Colonial Spices, на ревија во рамките на Моден викенд-Скопје (FWSK). Насловот на колекцијата ни открива далечни простори во времето на британските и француските колонии во Азија, миксот на Европасо Кина и Индија во 20-тите години, како и боите на егзотичните зачини на ѓумбир, куркума, шафран, паприка, кари… Дел од новата колекција заедно со микс од неколку претходни патува прво за Белград.

-Многу ми е драго што конечно Моден викенд-Скопје и Белградската модна недела се договорија за соработка. Јас со Ненад Радујевиќ од „Клик“, организаторот на BFW,се знам одамна, а пред неколку години имав ревии во Белград (на Битеф и во Сава Центар). Уште тогаш со Ненад разговаравме за воспоставување регионална соработка, особено што BFW според мене е најјакаи најинтересна модна манифестација. На 23 октомври сум во Белград, ќе настапам во склоп на платформата Зона 45, а потоа се враќам во Скопје и се презентирам на 26 октомври во салонот на Порше Македонија. Концептот на претставувања е сличен, но не ист. Во Скопје секако ќе презентирам нова колекција, а во Белград еден вид на ремикс од новата и неколку дизајни од претходната, бидејќи белградската публика одамна не видела мои креации – ни кажа дизајнерката.

1232346_10153201770764829_3015005_n

Со новата колекција The Colonial Spices Георгиева ќе нè одведе на спиритуално и сликовито патување во Шангај во 20-тите години од минатиот век, а на моменти ќе нè транспортира до Бомбај, правејќи микс на боите и мирисите од британските и француските колонии во Азија со европската култура и декаденцијата од 20-тите, сето тоа со примеси на рокенрол-стил карактеристичен за модниот израз на дизајнерката.

-Првичната инспирација за новата колекција ми беа амбиентите од неколку филмови кои што се снимени во историски контекст на 20-ти години во Азија, каде што можеме да ги видиме судирите на европска и азиска култура во британските и француските колонии. Дваесеттите години се прилично интересен и декадентен период меѓу две војни, а во период на декаденција секогаш се случуваат многу интересни работи во уметноста и дизајнот. Има еден клуб во Париз, се вика La China, џез клуб со прекрасна атмосфера во постколонијален стил со црвен лак и „честерфилд“ каучи, горната просторија е како вечно неделно попладне на некоја веранда во Индија и може да седнеш во фотелја и да пиеш некој коктел од тоа време. Е токму таква филмска ми беше инспирацијата. Искрено, жал ми е што имам многу малку време да ја експлоатирам инспирацијата, па затоа може да ја продолжам и во идната сезона. Да си ја завршам реченицата – ни откри дизајнерката која од претходно сакала да ја третира темата на зачини и сега врз таа идеја се надоврза темата на колонии од што понатаму развива креации зачинети со шафран, куркума, кари и ѓумбир.

7

Суптилно наговестување на новата колекција

Зачинската референца се забележува во боите, па при посетата на нејзиното ателје забележавме кардиган од мохар со повеќе црвени нијанси на паприка. Потоа има доста светли нијанси на бел бибер, па малку ѓумбир и жолтеникави тонови на кари и шафран, дури има и некои невозможни индиго сини бои со кои е нијансиран еден плетен фустан со транспарентни ракави.

-Кроевите се микс од европска култура, декорациите и везовите се ориентални, потсетуваат на Индија и Кина. Иако има и мантили и капути кои што повеќе би се носеле во Шкотска, отколку во колониите – се смее дизајнерката.

Од премиерниот поглед на колекцијата што Георгиева ја комплетира забележавме многу плетиво, нејзин заштитен знак, модели кои што не само што се рачно плетени, туку на нив интервенирала со рачна доработка во вид на везени декоративни елементи. Во колекцијата има богатство од поживи бои и употреба на различни ткаенини како кожа, тантела, мохер, муслин, сатен, фланел и тул. Претставувањето на колекцијата ќе биде надополнето со музички микс подготвен од DJ Egotrip, алиас Срѓан Јаниќиевиќ.

8

-Изработката е на ниво на висока мода. Да потенцирам, јас не сум куќа на висока мода, но изработката е на тоа ниво. Сè е рачни направено и од луксузни материјали и конци – вели Лидија и нагласува дека парчињата ќе бидат уникати, дури и кога ќе треба да повтори некој модел, тој ќе биде сличен, но не ист на оригиналот.

Лидија Георгиева минатата сезона на Моден викенд-Скопје ја доби наградата на Stylist.mk за најдобра колекција, што се надеваме и’ претставува поттик за уште поуспешни креации.

-Секое признание значи. Во старт кај дизајнерите и уметниците постојат различни мотивации. Кај некои е јасно дека првобитната мотивација е финансиска, меѓутоа јас сум од друг профил. Мојата првобитна мотивација и потреба е јас да се фасцинирам, да пробијам нови територии, да истражам работи што не се истражени, не само во самиот дизајн, туку и во модусот на функционирање како бренд. Некогаш тоа e герила, некогаш панкерски, а некогаш е естаблишмент, зависно од тоа што сакам да истражам во моментот. И во таков контекс, кој што е многу потежок од оној праволинискиот финансиски трасиран пат кој што го имаат избрано другите куќи, секако дека признание и поддршка многу значи.

6

Лидија е актуелна како професорка на Технолошко-металуршки факултет, постојано доразвира идеи за нејзината линија на мебел и керамика, LG Home, а уште ја држи фасцинацијата од неодамнешното патување во Париз. Иако живееше и работеше во градот повеќе од 20 години, го немаше посетено веќе неколку години. Ја прашавме како го доживеа Париз после толку време…

-Како да сум заминала вчера. Септември е интересен во Париз, и во модата и во дизајнот. Ја посетив Париската недела на дизајн, салонот Maison Objet, направив апдејт, ги споредив моите информации и инспирации. Тоа што го видов во бутиците ме стави на прилично добро место, дека сум потполно во право со тоа што јас сакам да го правам, и само ми ја зацврсти идејата и трасата што си ја зацртав за новата колекција.

Fashion Weekend SkopjeFWSKThe Colonial SpicesБелградска модна неделаЛидија Георгиевамакедонски дизајнериМоден викенд-Скопје
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics