• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

МАРТА ПЕЈОСКА: Дизајнерката и архитектка на накит отвори свое ателје-галерија во Охрид

Од Катерина Трајановска · На август 1, 2014

1

Магепсана од стариот филигран како форма на креативно изјаснување, дизајнерката Марта Пејоска една деценија во своите креации ја осовременува оваа исклучителна техника на создавање на накит. А кога во инспирацијата ќе се вмеша нејзиниот роден Охрид, синилото на езерото, архитектурата и богатото наследство, тоа не само што резултира со креирање накит со референци на градот, туку и со желба и предизвик токму таму да отвори свое ателје во кое ќе создава, изложува и продава свои креации. Сега имате уште една причина да го посетите Охрид и во срцето на стариот дел од градот, меѓу малите улички кои водат накај славната црква Св. Софија, да го пронајдете ателјето на Марта и да си одберете парче концептуален накит со силен дизајнерски печат.  

>>Во Охрид минатото лето заедно со Јана Ацевска, Дафина Џепароска и Билјана Клекачкоска се претстави на заедничката изложба „Во синило те намамив“, потоа истата изложба која е директно инспирирана од Охрид ја видовме во Скопје, а твојата дизајнерска приказна повторно нè води во Охрид, бидејќи токму таму отвори свое ателје и галерија…

2
-Ателјето со галерија „Марта Пејоска“ се отвори на 19 јули. Се наоѓа на главната туристичка улица „Цар Самуил“ бр.52 во стариот дел на градот Охрид, која води од плоштад накај црквата Св.Софија. Идејата да се отвори ваков простор ја имав од поодамна и после соодветниот период потребен за обмислувањето и изведба на целиот просторен концепт градот Охрид го доби своето прво приватно ателје со галерија за современ накит и филигран. (www.martapejoska.com)
3

Ателјето, односно работниот дел и галеријата т.е. изложбениот дел коегзистираат во еден единствен простор. Процесот на изработка на едно парче накит не бара премногу простор, а и самиот начин на работа наоѓа на голем интерес кај публиката, посебно кај странската, така што тоа беше еден од клучните фактори просторот да се концепира токму така. Позади камените зидови на приземното ниво на мојата фамилијарна куќа изградена во традиционален архитектонски стил  се крие современиот ентериер на галеријата минималистички концепиран, сиот обоен во бело со само неколку дрвени детали кои доловуваат одредена рустичност и за момент асоцираат на препознатливиот архитектонски и уметнички контекст на стариот дел на градот Охрид. 

4
>>Што има толку магично во Охрид како инспирација за твојот накит, но и како предизвик таму да отвориш ателје со галерија?
-За сета охридска природна убавина, за големото синило, за традиционалната архитектура, за духовното и материјално културно наследство т.е. за Охрид како инспирација може да се зборува и зборува и зборува. Сум имала среќа да се родам токму тука, да живеам во стариот дел на градот и од блиску да го доживувам езерото. Да се отвори токму тука ателје со галерија за современ накит и филигран е предизвик само по себе но и според мене постоењето на еден ваков простор е и потреба како на градот така и на модерното време во кое живееме.

5
>>Ако не се лажам, твоето ателје е на истото место каде што беше галеријата на твојот татко, познатиот сликар Живко Пејоски. Колку неговиот креативен свет, неговото уметничко делување во Охрид, семејната уметничко-архитектонска атмосфера влијаеја врз градењето на твојот креативен универзум?
-Моите ателје и галерија се наоѓаат во непосредна близина на тие на татко ми кои сè уште постојат како такви, меѓутоа веќе ретко се отворени за публика. Она што го направив јас е всушност продолжување на уметничкото творештво во нов простор и во нова насока, односно заокружување на 10 години поминати со филигранскиот занает и уште 20 години растење и развивање на една личност во уметничко-архитектонски контекст. А влијание секако дека постоеше, но никогаш не беше наметнато како такво, нити пак како обврска, повеќе беше присутно како насока, кон една различна филозофија и култура на живеење.

6

>>Кои мотиви ги употребуваш во создавањето накит, а кои материјали ти се омилени?
-Јас работам главно со сребро, филигранско сребро и досега не сум имала потреба да го мешам со други разнородни метали и материјали. Скапоцените камења како додаток не ретко ги користам. Меѓутоа за изложбата „Во синило те намамив“ за прв пат употребив природни камчиња, од брегот на Охридското Езеро, кои фантастично се вклопија во парчињата и беа доживеани како еден нов и поинаков став на дизајнерот.

7

>>Според тебе кој е највозбудливиот дел од работата во филигран? 

-Со оглед на тоа што процесот на изработката на едно парче ми почнува од иницијалната идеја „запишана“ на скиц-хартија, па се развива до краен технички цртеж и дури потоа „оживува“ преку сребрената жица, возбудата и при „фантазирањето“ на хартија и при создавањето на работнатата маса е подеднаква. Меѓутоа, понекогаш се случуваат одредени моменти кои се крајно возбудливи, како на пример, кога во текот на работата откривате нови начини како едно нешто технички поинаку да се изведе или како едноставно да се реши некоја комплицирана замисла. А чувството кога парчето е готово и за прв пат го држите во рака како такво е неописливо.
9

>>Како успеваш од една стара техника на изработка на накит, да созададеш модерно парче накит? Како ги спојуваш традицијата со современиот дизајнерски израз?

-Конкретен одговор односно формула за тоа нема. Или ве бива и сте умешни да го направите тоа или не, хаха. Токму тоа е уште еден предизвик во мојата работа кој посебно ме инспирира и во кој што дополнително уживам. Успешноста и умешноста на еден дизајнер да прикаже способност и јасно покаже став не доаѓа преку ноќ, туку се темели на континуирана и макотрпна работа, постепено себе надградување и развивање во технички, креативен и умствен поглед, што исто така резултира и со успешно создавање на своја препознатлива авторска линија.
10

>>Кој момент беше клучен да одлучиш да се занимаваш со изработка на накит и како оваа страст соодејствува со твојата професија на архитект? 

-Оваа страст моментално ми е примарна професија која што се надевам дека ќе остане како таква и дека ќе се развие во нешто многу повеќе и многу поголемо. Клучниот момент беше храбра одлука која што морав многу одговорно да ја донесам во конкретен момент во мојот живот! И се покажа како вистинска. Што се однесува до архитектурата, таа е постојано тука негде, се појавува од време на време во концептуални форми. Меѓутоа, основата на мојата работа, процесот на обмислување, начинот на креирање и перцепирање на нештата ми се архитектонски. Јас сум архитект кој твори во полето на дизајнот користи сребрена жица како медиум и создава архитектонски концепирана нослива уметност во форма на накит. Накратко јас сум архитект за накит! :)
11

>>Во какви проекти, изложби и обуки учествуваше изминатиот период и какви ти се плановите за 2014? 

-Би споменала неколку побитни настани (проекти) кои ми го одбележаа изминатиов период од две години. Имено минатото лето имав ретка прилика да бидам дел од еден проект на National Geographic / Western Balkans Geotourism Mapguide за промоција на Балканот. За потребите на проектот беа снимени неколку кратки филмови за земјите на Балканот, односно за уметноста, културата и традицијата, алтернативниот туризам, храната, фолклорот и звуците на балканот итн. Јас бев единствена од Македонија вклучена во приказната за уметноста на Балканот. Видеото може да се погледне тука http://www.balkansgeotourism.travel/theme/living-art. Истото тоа лето бев дел и од првата интернационална летна школа за архитетура и дизајн во Охрид „Архитектурата како перформанс„ во организација на Универзитетот Американ колеџ од Скопје. Јас бев гостин/предавач како архитект/дизајнер кој се занимава со применета уметност, со излагање со наслов „дизајнот како архитектура / занаетот како алатка“’. Потоа следеше изложбата „Во синило те намамив“, авторски проект на Јана Ацевска, Билјана Клекачкоска, Дафина Џепароска и јас кој по успешното претставување во Охрид во склоп на фестивалот Охридско лето во август 2013 година, за каде што првенствено и беше наменет, доживеа свое второ претставување во мај оваа година во Музејот на град Скопје. Секако главниот настан се отворањето на моите ателје и галерија со што мислам дека големите планови за 2014 се веќе остварени, така што сега веќе се подготвуваат тие за 2015год.
12
8

дизајн на накитмакедонски дизајнерМарта Пејоскамодно ателјенакитОхридфилигран
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics