• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

РЕНЕ РАЈТ: Јамајканската газела што ги освои македонските модни писти

Од Катерина Трајановска · На ноември 14, 2014

1654454_664372250326826_9213699187321019400_n

На модната писта чекори со голема леснотија и сигурност, како зад себе да има повеќегодишно манекенство искуство, иако во суштина Рене Рајт со моделството се дружи само шест месеци. За некој што скоро дебитирал на модните писти, успех е за краток период да ја освои публиката, но и дизајнерите кои ѝ дадоа доверба и ја ангажираа во своите претставувања на последното издание на Моден викенд-Скопје што се одржа во октомври. Нејзината појава и привлечнот ја забележа и тимот на Stylist.mk кој ѝ ја додели наградата за најдобра манекенка на есенското издание на Моден викенд-Скопје. Приказаната е дека Рене Рајт, Јамајканка по потекло, доаѓа во Македонија од приватни причини и поради нејзиниот изглед бива забележана и препорачана во модната агенција „Подиум“. Во Скопје се пресели во јуни 2013 година поради нејзиното момче Виктор Стојмиров, работи во странска компанија за транспорт, но иако и претходно имала понуди за манекенство во родната Јамајка и во САД, модел стана токму во Скопје. И го воодушеви домашниот моден свет со својат изглед.

-Во март оваа година Анита Гај, сопственичката на Lotus Design Store, ме контактораше откако видела мои фотографии на „Фејсбук“ преку заеднички пријател. Таа ме одведе во модната агенција „Подиум“ и после краток состанок беше донесена одлука. По кратко време имав кастинг за Моден викенд-Скопје за сезоната пролет-лето 2014. Немав апсолутно никаква претстава што правам, а и ги мразев, осносно мразам високи потпетици. Но имав часови кај Ирина Илиевска, која што е кастинг директор во „Подиум“. Таа ме „обликуваше“ во манекенката што сум денес. Бев на половина пат од мојата обука кога ја имав првата модна ревија за „Елена Лука“ за колекцијата за пролет-лето 2014.

collage

Рене со наградата на Stylist.mk за најдобра манекенка на последното издание на Моден викенд-Скопје

>>Постоеше ли интерес кај тебе за мода или манекенство пред всушност да стапнеш на модната писта?

-Бидејќи сум висока и витка постојано ми велеа „Треба да станеш манекенка (или кошаркарка)“. Ми приоѓале од модни агенции и на Јамајка и во САД, ни никогаш не помислував дека модната индустрија е за мене. Екстремно сум срамежлива, и иако сакам да ме фотографираат, јас и мајка ми одлучивме дека е подобро да се сконцентрирам на моето образование

Интересно е што неколку неколку месеци по моето доаѓање овде во Скопје, додека јас и моето момче бевме со еден супермаркет ми пријде една млада дама и ме праша дали сум заинтересирана за модна ревија во Косово. Ја одбив затоа што мислев дека тоа би било ужасно. Но секогаш се восхитував на она што манекенките го работат. Светот мисли дека тие се само убави девојки кои само чекорат по модната писта, но манекенкството е многу повеќе од тоа. Голем обожавател сум на модата, како мала цртав скици со облека, но тоа веројатно сите девојчиња го прават.

rene1

На ревиите на Јована Филиповиќ, Лили Кадинска и Олгица Ѓоргиева на FWSK aw2014

>>Оваа сезона на Моден викенд-Скопје учествуваше на голем број на модни ревии и изгледаше како тоа да си го работела со години…

-Хаха, благодарам. Кога се запознав со Светлана Богова-Јовановска, менаџерка на „Подиум“, ме праша дали имам некакво манекенство искуство. Ѝ реков теоретски, бидејќи цел живот го следев телевизиското шоу America’s Next Top Model. Воопшто не знаев дека е потребно повеќе од самото гледање на телевизиска програма. Како и сè друго во животот, потребна е пракса. Поминав низ курс кој ми го понуди мојата агенција. Најтешкиот дел за мене беше и сè уште е, одење во високи потпетици. Ирина постојано ми се смееше поради мојата омраза кон нив. Затоа за да вежбам ги зедов највисоките и најнеудобните чевли. Сè уште пред секоја ревија треба се сконцентрирам како да одам на високи потпетици.

5 NIKOLA PETROVSKI

Во креација на Никола Петровски на фотографија на Марко Маркоски за проектот „Арт ограда“

>>Беше изненадена и радосна кога ти соопштивме дека си добитник на наградата на Stylist.mk за најдобра манекенка, што за тебе значи ваквата награда со која се препознава и вреднува твојата работа како модел?

-Бев дома кога ми јавивте по телефон. Цел ден се смеев од уво до уво откако ми соопштивте. Веднаш му се јавив на Виктор. Едноставно не ми се веруваше. Вечно сум благодарна на Stylist.mk за изборот. Знам дека мора да било тешко одлука, бидејќи и другите девојки се неверојатни. Се надевам дека постојано ќе се подобрувам и ќе ја импресионирам модната индустрија и јавноста во целина.

10440735_663857480378303_7430852938130993310_n

>>Колку досега научи за македонската мода и дали веќе имаш свои фаворити меѓу дизајнерите и манекенките?

-Откако почнав со манекенството, почнав и се едуцирам себеси во сите аспекти на македонската модна индустрија, минатото, настаните и трендови. Индустријата дефинитивно се движи вистинската насока. Ми се допаѓа што облеката на македонските дизајнери е доста нослива, направена за вистински мажи и жени. Имав еден кастинг на кој пробував еден пар панталони кои ми беа преголеми и прашав зошто се толку големи. Одговорот беше дека се направени за вистински жени со вистинска големина. Апсолутно ме воодушеви одговорот.

Ми се допаѓаат повеќето дизајнери, секој од нив има уникатен стил и ми се допаѓа што се држат еден за друг без поделба. Секоја колекција ме возбудува. Оваа сезона многу ми се допаднаа ткаенините и принтовите. Јас сум далеку од моден експерт, сепак кога станува збор за изборот на омилени, не мислам дека можам да изберам само затоа што имаше колекции од кои посакувам да ги носат сите парчиња, хаха. Сепак оние кои најдобро одговараат мојот личен стил се Андријана Динева, Никола Петровски, Олгица Ѓоргиева, Ирина Тошева и Лили Кадинска. Ја сакам елеганцијата на Златко Јовановски и „Елена Лука“ и моќта на колекциите на Јована Филиповиќ, Стефанија Насеска и Ивана Пиља.

Немав доволно време да изградам вистински однос со манекенките, па мојот избор е основан на физичката појава. Ангела Ѓоргиева и Моника Алексовска се навистина убави млади жени и го имаат оној блесок што индустријата го сака. Од поновите девојки сметам дека Фаниа Гиачо и Христина Јаневска се прекрасни. На мојата топ листа први се Сара Миленковска и Ивана Гелева. Двете се професионални и брилираат во секој аспект во оваа индустрија.

collage1

>>Во периодов повеќе работеше модни ревии отколку фотосесии. Кој дел од модната ревија за тебе е највозбудлив? И кои се воопшто модните проекти во кои учествуваше минативе месеци?

-Ги сакам модните ревии. Најдобриот дел е тој момент кога ќе ме осветлат рефлекторите и почнувам да чекорам по пистата. Не можам да го објаснам чувството, тоа е излив на адреналин.

Поминаа само шест месеци откако почнав со манекенството, но веќе учествував на модни ревии и направив фотосесија за изложбата „Арт ограда“, која што е уште изложена на оградата спроти „Скопје сити мол“. Освен тоа редовно фотографирам за Viktor Stoimirov Photography.

1457572_667587590005292_347189718812772417_n

Рене со Сара Миленковска која ја смета за една од најуспешните македонски манекенки

>>Покрај тоа што те препознаваме како манекенка, професионално работиш нешто друго…

Работам за странска компанија за транспорт. Ја сакам мојата работа, мирна е и тивка, а работам со многу кул луѓе.

collage2

Манекенско деби на ревијата на „Елена Лука“ пред нешто повеќе од шест месеци

>>Дали имаш големи планови поврзани со манекенството или ќе се посветиш на другите амбиции надвор од манекенството?

-Наградата на Stylist.mk докажа дека сепак правам нешто добро. Сепак, знам дека сè уште има области на кои ште треба да работам со цел да се подобри мојот чекор на писта и позирањето на фотографии. Сакам понатаму повеќе да се вклучам во македонската модна индустрија. Во блиска иднина сакам магистрирам и да продолжам да ја градам мојата кариера на хемиски инженер.

>>Иако си кратко време во Скопје и Македонија, како ти се допаѓа животот овде? И до каде си со совладувањето на македонскиот јазик?

-Ми се допаѓа овде.  Убава промена на темпото за мене. Се разбира, најубавата работа што сум во Скопје е што сум заедно со Виктор. Ја сакам вашата историја и нејзиното зачувување, а вљубена сум во Охрид, тој е совршенство. Охрид е моето мало парче од Јамајка во Македонија. Македонија е многу уникатна земја со многу дарежлив народ и светот мора да стане свесен за тоа. Македонскиот јазик не е најлесниот, сепак, секој ден го разбирам сè повеќе. Сè уште се мачам кога зборувам, а зборувам само кога треба, на пример кога сум во продавница. Ама кога зборувам македнски сите зјапаат во мене и тогаш имам чувство дека нешто сум згрешила. Да бидам искрена, не го вежбам многу јазикот, бидејќи скоро сите мои пријатели ми зборуваат на англиски. Технички, нивна е грешката што не зборувам течно македонски, хаха.

10599302_10152634049978879_5749127601143053677_n

Со Виктор во Охрид, градот за кој вели дека е нејзиното мало парче на Јамајка во Македонија

FWSKStylist.mk наградиЈамајкаманекенкаМоден викенд-Скопјемодни наградиРене Рајт
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics