• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

СИЛВИЈА МИХАЈЛОВСКА : „Алшар“ ќе ја обои есента во четири бои

Од Катерина Трајановска · На октомври 2, 2014

10668397_10204157699977065_559233233_n

Модното ателје „Алшар“ постои повеќе години на домашната сецна, а дизајнерката што ги потпишува креациите Силвија Михајловска сега ја најавува новата сезона со колекција во четири бои инспирирана од сликите на Пит Мондријан, модерната архитектура и на суптилен начин и од етно иконографија. Силвија можеби не е многу присутна со модни ревии и настани, но таа редовно креира колекции и има свои редовни клиенти. Сега одлучи покативно да се вклучи во модната сцена, а првиот чекор е комплетна колекција за есен-зима 2014/15 која ќе се презентира преку модни едиторијали. На Stylist.mk ви ја откриваме новата фотосесија направена со фотографот Александар Михајловски и моделот Маја Илиоска, а употребени се парчиња накит што Глигор Кузмановски специјално ги креираше за колекцијата.

1

 

АЛШАР „Четири бои„/ Фото: Александар Михајловски/ модел: Маја Илиоска/ накит: Глигор Кузмановски/ стајлинг: Сандра Стефановиќ

-Новата колекција е замислена да биде поделена на четири дела, во првиот акцентот е ставен на црвената боја, а понатаму ќе следуваат парчиња во кои ќе доминираат кобалтно сината, црната и сивата боја. Колекцијата содржи најмногу  фустани, но има и панталони, здолништа, како и парчето на сезоната – пончото. Сите се карактеризираат со строги геометриски форми изработени од памучни и волнени ткаенини – ни кажа Силвија.

Поради изборот на четири бои, колекцијата е наречена токму „Четири бои“, а дизајнерката ни откри дека модните парчиња најмногу се инспиритани од сликите на Пит Мондријан, неговите геометриски форми и изборот на бои, како и од современата архитектура што се гледа во строгите линии на некои од кроевите, а има и по малку етно мотиви во принтовите на ткаенините.

2

-Воедно ова е и моја интимна посвета на трилогијата филмови „Три бои: сино, бело и црвено“ на режисерот Кишловски – вели дизајнерката за инспирацијата на колекцијата.

За подобро претставување на новата колекција на „Алшар“, дизајнерката подготви и фотосесија.

-За првиот дел од колекцијата „Четири бои: црвена“ е изработена фотосесија во урбаниот амбиент на МКЦ со фотографот Александар Михајловски, моделот Маја Илиоска, со која соработувам постојано, стајлингот е на Сандра Стефановиќ, и со  прекрасниот накит дизајниран од Глигор Кузмановски специјално изработен да ја надополни оваа колекција – вели Силвија која планира претставување на целата колекција преку модни едиторијали.

3

Ја прашавме дизајнерката што се крие зад името на брендот, таа ни потврди дека доаѓа од името на рудникот Алшар и од симболиката што тој ја претставува за неа – едниствен минерал, поврзан со Сонцето, ретко и скриено богатство. Во однос на означувањето на модниот израз на нејзиниот бренд, Силвија вели дека создава облека која ја глорифицира женственоста, со голема доза на драматичност, но и функционалност. Таа модното ателје „Алшар“ го отворила во 2008 година,  апо кратка пауза од мај оваа година функционира на нова локација, на улицата „Ленинова“, меѓу популарните кафулиња Бaстион“ и „Деус“.

4

-Од самиот почеток идејата беше на урбаните девојки да им се понудат уникатни дизајнерски парчиња облека од квалитетни природни ткаенини со многу рачни доработки, како сликани и везени детали, и сè тоа по мошне пристапни, „нормални“ цени. Можеби најкарактеристично за брендот е начинот на работа, односно постојаното надополнување на колекциите. Почнувам од една идеја која се развива во текот на целата сезона и изработувам десетина креации како основа, а потоа како резултат на побарувачката/продажбата во ателјето, таа се надополнува со нови уникатни парчиња, секое различно од претходните, но со карактеристики на тековната колекција. И така, наместо 20 парчиња во сезона се изработуваат најмалку по толку месечно. Тоа е креативно исцрпувачки, но мошне интересно и динамично, особено за клиентите кои постојано доаѓаат и наоѓаат нови интересни парчиња – вели Силвија.

5

Како дизајнер на модната сцена е присутна уште од 1999 година со завршна модна ревија на ФЛУ во Скопје, каде што се претставила со првата колекција White Light инспирирана од серијалот „Војна на ѕвездите“. Следат ревии на „Скопско лето“, а во 2000 година и самостојна ревија во рамките на „Модест“. По дипломирањето на ФЛУ (отсек сликарство и мода), работела како моден дизајнер во „Орка текстил“ за колекциите ККS Classic и Go со кои освои награда за дизајн „Сонце на годината“ во 2002 година. Соработувала и со неколку бутици сè до отварањето на ателјето „Алшар“ и создавањето на сопствен бренд. Учествувала и на манифестацијата „Чоколадна аукција“, а соработувала и со „Академија Леонтич“ на две ревии, Ultimate Black во Музеј на град Скопје (2010) и „Плавокапица“ во МНТ (2012)

-Моите идни планови се поврзани со поактивно учество на домашната модна сцена, претставување на колекција за пролет-лето на идниот „Моден викенд-Скопје“, како и проширување на асортиманот на производи во ателјето.

5a

6

7

8

9

10

11

12

14

АлшарГлигор Кузмановскиесен-зима 2014/15македонски дизајнеримакеоднски брендСилвија МихајловскафотосесијаЧетири бои
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics