• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Ира Алексовска@МУСТЕЛА ЕРМИН: Стил за смели и самоуверени

Од Катерина Трајановска · На мај 25, 2016

Portret Ira Aleksovska

Откака домашната модна сцена стана побогата за ушта едукативна дестинација, школата на Изет Цури во Скопје, оттаму веќе се појавуваат првите дизајнери кои прикажуваат колекции. На неодамна одржаните модни вечери токму студентите на Меѓународниот институт за мода Изет Цури имаа можност да се претстават со индивидуални ревии што во организација на Моден викенд-Скопје се случија на балконот на Музејот на современа уметност во Скопје. Модните вечери ги отвори модниот бренд „Мустела Ермин“ , зад кој стои дизајнерката Ира Алексовска. Со Ира зборувавме за нејзиниот почеток во модата, за новата колекција и првата ревија, за фотосесијата направена во Белград со Горан Поповски, а подолу ни отрки и што се крие зад името на брендот.

Ира бестрашно влегува во вртоглавиот круг на домашните дизајнерски прилики, бестрашно како жените бестрашни за кои креира мода, жени кои се соочуваат со препреки и ги надминуваат непоразени. „Жените на кои им е наменета мојата колекција имаат самодоверба и не се плашат да привлечат внимание во јавноста носејќи смел, секси, авангареден аутфит“, вели таа за колекцијата од 24 комбинации.

-Мојот интерес за модата беше присутен уште од најрана возраст и благодарение на модниот институт Изет Цури од пасија тоа премина во професија. Моето знаење и искуство стекнати во Институтот беа наградени со сертификат за стилизам и моделизам доделен од страна на Модната Федерација на Париз. Таму ја претставив својата прва капсулна колекција The Age of Confidence и воедно успеав да воспоставам контакт со одлични текстилни снабдувачи за понатамошна соработка.

Revija Stylist mk

Неодамна ја прикажа првата колекција на ревија во Музеј на современа уметност. Какви беа првите импресии и чувства, постоеше ли голема возбуда и мислиш ли дека на публиката ѝ се допадна она што го виде?   

-Секако дека постоеше одредена доза на возбуда и страв, сепак ова е моја прва официјална колекција, а воедно и модна презентација. Јас сум навистина задоволна од тоа што успеав да го претставам на ревијата, со оглед на тоа и дека доста долго време работев на моделите. Судејќи по коментарите, можам да кажам дека и на публиката навистина ѝсе допадна тоа што го погледна.

Од што се состои твојата прва колеција?

-Во мојата колекција за пролет-лето 2016 преовладуваат потемните тонови како црната и темно сината боја. Со тоа сакам да се долови моментот на мистериозност, елегантност, па и доза на минимализам. Со минимализмот би ги поврзала и кроевите во кои се користени прави и чисти форми. Единствена боја која се издвојува е црвената, боја која е симбол на страста, впечатливоста и храброста. Тоа се всушност и карактеристиките што би ја опишале мојата идеална жена.

nov kolaz 1

Твојот избор е посмела мода со доза на авангардност. Како ти самата ја опишуваш дизајнерската естетиката со која се претстави?

-Моите креации се наменети за смели и самоуверени жени, кои не се плашат да се изразат преку своите модни избори. Без разлика дали е тоа транспарентен фустан или асиметрични панталони, сметам дека храброста и самоувереноста кај една жена се најбитен сегмент за тие да бидат износени и претставени во јавноста како што треба. За жал во нашите простори сè уште постојат одредени норми кои ние би требале да ги следиме за тоа што е прифатливо да се носи. Би сакала сето тоа да се заборави и да има слобода за тоа кој како сака да се облекува, притоа да не се осети осудување од општеството. 

Твојата работа ја потпишуваш под брендот „Мустела Ермин“. Што се крие зад името?

-Мустела Ермин е име кое го имав сретнато многу оддамна додека истражував за модата. Тоа е всушност вид на сибирска ласица, која во минатото била инспирација за изработка на луксузни парчиња облека на императорите.

За наобразба го избра школото на Изет Цури, зошто токму таму и што е она најзначајното што досега го научи?

-Го избрав Интернационалниот институт за мода Изет Цури, бидејќи со оглед на искуството на професорот знаев дека тоа е најдобриот избор за мене на овие простори. Тој безрезервно успева секојдневно да ни го пренесе своето долгогодишно знаење стекнато во едни од најдобрите светски париски модни куќи. Покрај моделизмот, кој ми овозможува да изработам креации направени по светски стандарди и кои совршено одговараат кога се изработени по мерка, тој се труди и да нè научи на трпеливост и истрајност кои се најпотребни доколку сакаме да постигнеме совршен производ.

 Sliki od Revija

Веројатно секој дизајнер впива идеи и референци од разни области, ликови, дизајнери… Каде ја црпиш ти инспирацијата?

-Како голем љубител на современата уметност и архитектурата, најчесто од таму ја црпам својата инспирација, користејќи прави и чисти форми комбинирани со транспарентни материјали. 

Неодамна подготви фотосесија во Белград со фотографот Горан Поповски…

-Тоа беше една многу спонтана и прекрасна соработка од која сум исклучително задоволна од резултатот. За заштитно лице на кампањата беше избрана Невена Вуковиќ, девојка која е нова на модната сцена во Србија. Фотосесијата се случи низ улиците на Белград, обидувајќи се да ја преставиме „Мустела Ермин“  жената во една урбана средина.

Дали веќе почна да ги продаваш креациите, каде заинтересираните да те најдат?

-На мое огромно задоволство заинтересираноста за колекцијата после ревијата беше голема. За оние кои се заинтересирани и кои би сакале да го посетат моето студио во непосредна близина на Универзална сала, можат да ме контактираат на официјалните Facebook и Instagram страни на „Мустела Ермин“.

StylistMK1

МУСТЕЛА ЕРМИН

Фото: Горан Поповски HLVK

Модел: Невена Вучковиќ

StylistMK2

StylistMK3

StylistMK4

StylistMK5

Горан ПоповскиИра Алексовскамакедонска модамакедонски дизајнеримодна ревијаМустела Ерминпролет-лето 2016„Mustela Ermin“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics