• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЈОВАНА ФИЛИПОВИЌ: Модна љубовна приказна за жената на 21. век

Од Ана Несторовска · На октомври 21, 2014

jovana filipovic1

Љубовна приказна раскажана со свила, кашмир, волна и памук, скроени во минималистички форми, е основата на новата колекција за есен-зима 2014/15 на една од најталентираните македонски креаторки од новата генерација, Јована Филиповиќ. Линијата наречена Where The Wild Things Are (Таму каде што се дивите нешта) премиерно ќе биде претставена в четврток, на отворањето на Моден викенд-Скопје, во мултимедијалниот центар „Мала станица“, веднаш по шоуто на Јован Петровски.
- Преку колекцијата ќе се потрудам да раскажам една љубовна приказна на сафари. Денско дивеење низ саваната, кое вечерта се претвора во страстна љубовна афера. За истата да биде пренесена во реалност, направив и машки модели, кои ќе ги придружуваат поголемиот број женски креации. Колекцијата е наменета за жената на 21. век, која работи, има обврски и не се плаши да живее, знае да ужива, да сака… При изработката на креациите секоја сезона тежнеам да користам квалитетни и природни материјали, па така и оваа ќе биде направена од свила, кашмир, волна, памук. Застапени се анимал принтови, монохроматски бои, минималистички кроеви и чисти форми-открива Филиповиќ.

Jovana filipovic (2)

Во новата колекција се застапени свила, кашмир, волна и памук скроени во минималистички форми

Ревијата на Јована е поддржана од Bauerfiend. Целта на оваа соработка, како што вели таа,  „е да се покаже дека медицинските чорапи ( кои ќе бидат изложени во текот на ревијата ), истовремено се и моден детал и потреба. Дека жената на 21. век, треба да внимава на своето здравје, а притоа тоа да изгледа стилски и современо“.
-Со оглед на тоа дека претходните две претставувања на колекциите ми беа поразлични, овој пат се решив да ја промовирам колекцијата преку класична ревија, на истото место каде што пред десет сезони, прв пат настапив на Модниот викенд-Скопје со модна инсталација…Кога ќе направам една ретроспектива на оваа манифестација, сфаќам колку самиот настан порасна, се издигна, и расте секоја идна сезона. Со оглед на средствата и ресурсите  што ги имаат, успеаја да останат активни 10 сезони, да остварат соработка со дизјанери и блогери од странство, а воедно и да промовираат македонски дизајнери надвор. Да, далеку сме од тоа да се споредуваме со светските модни настани, меѓутоа треба да бидеме среќни што воопшто и имаме ваков тип на настан кај нас-вели таа и додава дека на новата ревија сака на посетителите  да им пренесе барем дел од инспирацијата и енергијата со која што ја созадавала колекцијата.

Jovana filipovic (3)

Утре, на ден пред почетокот на десеттото издание на  Моден викенд-Скопје во соработка со Општина Карпош  ќе биде отворена  модната изложба „Арт Ограда“ со фотографии од најновите креации на дизајнерите – учесници на есенското издание. На надворешната ограда на објектот „Државен архив на Република Македонија“ ќе се најде и фотографија со креација од Филиповиќ, што ја носи младата актерка Ивана Павлаковиќ, позната по улогата во новиот филм на Антонио Митриќески, „Деца на Сонцето“.
-Соработката со Ивана почна од пред скоро време, кога на Фестивалотот „Браќа Манаки“ во Битола носеше креација од мојата коелкција за пролет/лето 2014. Таа е прекрасен човек, вистински креативец и уметник. Задоволство е да работиш со човек кој знае да ти пренесе што сака, а притоа да те остави да го работиш тоа што го знаеш најдобро. Заедно со неа учествувавме и на проектот – соработка помеѓу Општина Карпош и Моден викенд – Скопје-вели таа.

Jovana filipovic (1)

Младата актерка Ивана Павлаковиќ позира во креација од Јована за фото-изложбата „Арт Ограда“

По ревијата моделите за есен-зима 2014 ќе можат да се набават во новото модно студио на Јована, како и преку онлајн продавницата на  Bastet Noir.  Планира да ја изложи колекцијата и надвор од границите на Македонија. Новото ателје на Филиповиоќ, кое се наоѓа во центарот на Скопје, почна да работи на 25 јуни. Дизајнерката е задоволна од неговото фукционирање изминативе четири месеци.
-За мене тоа е место каде што целосно се пронаоѓам себеси, место каде што ја црпам инспирацијата, и кое што ми влева спокој и мир секојдневно. Воедно е и простор каде што клиентите можат да ме најдат, да дојдат, и видат дел од работите што ги правам-вели таа на крајот.

jovana filipovic2

BauerfiendЈована ФилиповиќАрт оградаателјеБраќа МанакиДеца на СонцетоДржавен архив на Република Македонијаесен-зима 20014/15Ивана ПавлаковиќизложбаМала СтаницаМоден викенд-Скопјеревија
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics