• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Наташа Јакимовска (Fabrika13): Чанти скроени по мерка на луѓето со млад дух

Од Ана Несторовска · На април 5, 2016

fabrika13 (1)

Откако не успеала на пазарот да најде соодветна уникатна чанта во нејзин стил, пред три години професорката по филозофија Наташа Јакимовска одлучила самата да си изработи еден модел. Процесот ѝ се видел интересен и инспиративен, па не застаната на една чанта. Продолжила со втора и трета, прво за најблиските, а потоа нејзиното хоби прераснало во главна професионална преокупација и создавање на својот бренд Fabrika 13.

- Приказната со Fabrika 13 започна сосема спонтано, без никакви амбиции да прерасне во дејност која ќе ми биде секојдневна работна обврска. Првите чекори се случија уште при крајот на 2012 година, кога почнав да експериментирам за свои лични потреби. Желбата за креативна работа и позитивниот фидбек од пријателите ме охрабрија да продолжам да работам, но и да учам паралелно. Идејата која ме води цело време е да се обидам да понудам практичен производ што ќе биде опција за сите што сакаат да имаат моден додаток малку поинаков од стандардната понуда – ја почнува својата приказна Јакимовска.

fabrika13-04

Fabrika 13 е еден вид кованица од два збора, англискиот  fabric (текстил) и македонскиот –фабрика, додека 13-та најмногу реферира на 2013 година, кога за прв пат се појавила во јавноста со своитепроизводи како дел од базарот за ракотворби во рамки на фестивалот „ДримОн“ во Струга, a  исто така тогаш ја направила и фан-страницата.

- За мене лично, најзначајно е што Fabrika13 си доби своја публика и секојдневно добива нови пријатели, што во суштина е мојот водечки мотив за работа…Инаку, ова го работам како апсолутен аматер, бидејќи немам никакво образование поврзано со дизајн или со мода. По професија сум професорка по филозофија, а во оваа работа се потпирам на мојата креативност и естетика. Притоа, се обидувам да ги следам новите текови во дизајнот, изработката и особено во достапните материјали за работа, и делот од наученото го применувам во креирањето и создавањето на новите производи-вели Наташа на која моментално ова ѝ претставува главна окупација и најголем дел од денот ѝ е посветен на работата и на дизајнот и разработката на нови идеи.

fabrika13-01

На почетокот се фокусирала претежно на рачната изработка на чанти, а со текот на времето и со стекнатото искуство се охрабрила и почнала да изработува и по некој нов додаток,  со цел да внесе разноликост во понудата. Има дизајнирано футроли за мобилен телефон, несесери, паричници, футроли за очила, а од неодамна и детските ранчиња.  Во иднина планира да додаде уште некој новитет, веќе разработува повеќе идеи и дел од нив ќе бидат остварени. За изработка на моделите, генерално, користи текстил и често го комбинира со текстилни бои за цртање на мотивите.

-Експериментирањето со формите ми е секогаш предизвик, но и тоа е оправдано само доколку е функционално, нели. На почетокот повеќе ме привлекуваше идејата да направам чанти со несекојдневен изглед, но сега повеќе сум фокусирана на практичноста, зашто пред сè тоа е и намената на било кој моден додаток… Инспирацијата за моите модели  ја наоѓам во луѓето, околината,  уметностите,  имагинацијата  итн., така да и парчињата се за оние кои се пронаоѓаат во некоја од приказните или имаат сличен поглед на светот-вели таа.

fabrika13-05

Најголемиот дел од производите, спонтано,  се наменети за женската популација, а во помал број има изработено и модели кои можат да ги носат и машки.

-Од неодамна направи мала серија од ранчиња намената за деца допет-шест  години и особено ме радува што најдов начин да посветам внимание и на најмладите. Производите се наменети за сите луѓе со млад дух и со желба да имаат нешто оригинално и поинакво.  Што се однесува до продажбата, генерално продавам преку фан страната на Fabrika 13, од време на време на базари, а детските ранчиња се достапни и во продавницата Bebe sling во Скопје. Минатата година  ми беше исполнета со повеќе учества на базари и неколку фестивали, меѓу кои ќе ги споменам „Скопје креатива“ и Paratissima. Ваквите настани се одлична можност за промоција и остварување нови контакти, па, затоа се трудам да бидам повеќе присутна. Живиот контакт со луѓето и нивните реакции ми се дополнително охрабрување и инспирација за создавање нови парчиња. Од друга страна, сметам дека и луѓето имаат потреба да ме запознаат како личност со која би соработувале. За мене значајна е и соработката со музичарката Телемама со која создадовме колекција од 11 торби, секоја посветена на по една песна од нејзиниот деби-албум „Мис Слобода”. ..И оваа година планирам да ја посветам на учество на различни  настани, зашто тие ми се најдобрата промоција и можност за натамошно зацврстување на Fabrika 13 меѓу луѓето. Најголем предизвик ми е да се обидам да ги направам моите дела подостапни на купувачите-вели таа на крајот.

fabrika13 (3)

Наташа во соработката со музичарката Телемама создаде колекција од 11 торби, секоја посветена на по една песна од нејзиниот деби-албум „Мис Слобода”

collagefabrika13-02
fabrika13-03
fabrika13 (2)
fabrika13-07
fabrika13-06
fabrika13-02

Fabrika 13ДримОНкреативцимакедонски дизајнери на чантиМис СлободаНаташа ЈакимовсканесесерипаричнициранциТелемамафутроличанти
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics