• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

НИКОЛА ПЕТРОВСКИ @FWSK: Модни парчиња насликани со љубов

Од Ана Несторовска · На март 18, 2014

Од снимањето на каталогот на Модниот викенд

Љубовта како инспирација, движечка сила, порив, страст за создавање уметност… Љубов насликана на сликарско платно, а од платното со љубов сошиена облека, за да ти ја топли душата кога љубовта си отишла. Љубовта како секојдневие, уметноста како живот… Таа е главна инспирација за новата колекција на етаблираниот креатор од Битола, Никола Петровски, кој ќе се претстави на Модниот викенд- Скопје и на Битолската модна недела.
-Во колекцијата преовладуваат потемни бои и шари како од сликарски платна, а повеќето од моделите се и рачно досликани. Формите на моделите се инспирирани од 70-тите и 90-тите години од минатиот век, а материјалите се претежно природни (волна, памук, лен) или мешавина со вискоза, полиестер или ликра. Моделите се наменети за луѓе со слободен дух, храбри и сигурни во себе и своето јас. Музиката е секогаш составен дел од процесот на создавање на една моја колекција и додатна инспирација и на ревијата ми служи да го долови во целост духот на колекцијата-вели Петровски

Никола (лево) со манекенот во негова креација за сезоната есен-зима 2014/15

Тој е еден од ретките наши дизајнери што создава модели за двата пола, но и кој има доволно храброст и визија да претстави колекции една сезона претходно. Така, додека другите креатори подготвуваат модели за актуелната пролет-лето сезона, тој на Модниот викенд ќе ја промовира својата линија за есен-зима 2014/15.
-Одлуката за претставување на колекција една сезона порано, како што е и светскиот тренд, не беше од некоја финансиска причина, туку од поривот за самотестирање и самодокажување колку можам да се носам со светските модни тенденции без претходно влијание од колекциите на извиканите модни имиња. Секогаш се трудам да си поставам и достигнам нови стандарди во она што ќе го презентирам пред јавноста-вели тој.

Никола е еден од ретките наши дизајнери што претставува колекции една сезона претходно, моделите за оваа пролет ги промовира на есенскиот FWSK

Минатата сезона имаше успешна ревија на Модниот викенд, на која претстави колоритни креации со принтови, меѓу кои и  цветни модели  за мажи.
-Се надевам дека и новата колекција ќе наиде на убав прием кај публиката и ќе предизвика интерес како претходната, не само кај нас туку и кај некои светски модни интернет портали, посебно машките модели. Неколку дена по прикажувањето во Скопје, колекцијата за есен-зима 2014/15  заедно со моделите од линијата  за пролет-лето 2014, ќе бидат претставени и пред битолската публика на отворањето на Битолската модна недела.

Храбри модни решенија за мажите за оваа пролет

Изминатиот период доста се пишуваше за дел од неговите креации, кои ги носеше младиот поп-пејач  Димитар Андоновски.
-  Соработката со Димитар  почна по мојата покана до неговиот менаџер да присуствуваат на  ревијата на  претходниот Моден викенд. По ова ми предложија да соработуваме, па така, Димитар носеше парчиња облека од мојата колекција на некои поважни претставувања. Во мои креации се појави на концертот на Игор Џамбазов, на  Скопскиот фестивал и некои други доделувања на награди и презентации. Соработката ќе продолжи и на новите проекти и промоциин кои му претстојат на Димитар, поврзани со издавањето на неговиот албум, како и претставувањето на фестивалите и во Македонија и на „Славјански базар“  во Белорусија-вели Никола.

Димитар Андоновски во креација од Никола

Петровски  се надева дека престојниот период ќе реализирам дел од своите планови, меѓу кои се и  претставувања надвор од земјава, за кои веќе извесен период има преговори.
Со моден дизајн се занимава 18 години и исто толку се претставува најмалку еднаш годишно со ревија пред битолската публика, а како најзначајни моменти во градење како креатор ги издвојува специјализацијата во Софија и тамошното претставување, работата во фабриката за трикотажа „Пелистер“ од Битола и учествата на МОДЕСТ , создавањето на Битолската модна недела и учество на Модниот викенд – Скопје минатата есен. Својот стил на креирање го дефинира како женствен и елегантен.
-Женственоста и елеганцијата секогаш се присутни во мојата работа, но на почетокот беше дива, бунтовна со изразена сексуалност и транспарентни материјали, јаки бои и необични дезени , за денес да зборуваме за префинета софистицираност и елеганција на филмска дива-објаснува тој.

70-тите90-титељубовДимитар Андоновскиесен-зима 2014/15Моден викенд-СкопјеМодна недела во БитоламузикаНикола Петровскипролет-лето 2014Скопски фестивалСлавјански базарцветен дезен
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics