• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

ВАЛЕНТИН ПЕТРЕСКИ: Со керамичките приказни на „ТиноСки“ споделувам љубов

Од Ана Несторовска · На јануари 20, 2016

tinoski (29)
Со желба да сподели љубов, позитивно да изненади и да предизвика насмевки, младиот креативец Валентин Петрески повеќе од половина година создава керамички производи со уникатни пораки и цртежи. Приказната на „ТиноСки“ почнала сосема непланирано, со една шолја за кафе, што ја направил за себе.

-Бидејќи обожувам шолји, во време на креативни идеи решив да се позанимавам со креирање на такво нешто. Првата шолја што ја направив сè уште ја имам, беше со буквата „Т“ и со многу точки. Потоа го искористив Инстаграм за да ја споделам среќата. Набрзо почнаа да ме прашуваат „каде може да се најдат такви шолји“, „дали може да се нацрта нешто по желба“… Следуваа неколку подароци за најблиските, имаше многу убава реакција и тоа беше мотив за продолжување на непланирано започнатиот „проект”. Името „ТиноСки“е всушност кованица од кратенка од моите име и презиме, така фигурирав приватно на Инстаграм и спонтано се прифати и како име на овој мини- проект, односно хоби кое целосно ме исполнува-вели Петрески кој деновиве на социјалните мрежи  ја претстави својата нова мини колекција под името „Сподели <3”.

tinoski (14)

Станува збор за тандем керамички шолји кои формираат еден заеднички цртеж на различни животни: мечка, був, жирафа и мачка. Има и минималистички тацни, а сетот е спакуван во брендирана кутија.

- За празниците немав доволно време да направам конкретна божиќна линија, но затоа пак сакав да споделиме љубов и направив акција за пар шолји. „Сподели <3” е најновото од мене, малку освежување кое ми беше потребно. Среќен сум што оваа идеја им се допадна на оние кои ме следат. Важна ми е пораката на производите на „ТиноСки“, сакам да подаруваме со љубов и задоволство. Да изненадиме некого вистински, да предизвикаме насмевка. А најголема среќа е кога ќе добиете порака дека изненадувањето поминало одлично и навистина им се допаднале моите креации. Среќа е и кога ќе ви испратат фотографија со твои шолји кои отпатувале за Америка,  а добив нарачка на неколку шолји и за во Австралија со мотиви од нашата земја што ми беше посебно драго. За во 2016 имам на ум повеќе работи кои мислам дека одлично ќе се вклопат со досегашните производи. Не сум суеверен, но сепак желбите би ги оставил необјавени, па кога ќе има реализација да може да споделиме заеднички-вели тој.

tinoski (8)

>> Како настануваат производите на „ТиноСки“, дали станува збор за готова керамичка основа на која аплицираш цртеж?

- Би бил среќен доколку се дојде до моментот на производство на сопствени дизајни, односно форми на керамички работи, тоа бара посебни услови, сериозна опрема и сличнo. Засега се црта на готови керамички шолји. Се договараме за дизајнот, односно идејата што нарачателот сака да ја има, па потоа ја цртам во тој стил…ќе го наречам стил бидејќи многумина ми кажале дека шолјите си имаат нешто заедничко свое што се препознава. Тоа е најубавото нешто, да предизвикаш задоволство и насмевкаи да имаш препознатлив краен производ.

tinoski (12)

>>  Какви сè производи настанале во твојата работилница и какви цртежи најчесто се застапени? Може ли да споделиш дел од позначајните натписи?

- Шолјите се некако најпрепознатливиот дел на „ТиноСки“. Колку што ми дозволува времето се трудам, малку по малку да внесувам и нови идеи. Чајниците овој период исто така се актуелни, на луѓето им се допаѓа персонализираниот момент и уникатноста на секој од нив. Во однос на позначајни натписи, искрено не би можел да издвојам некој конкретно бидејќи сите ми баш свои. Може да кажам на пример дека шолјите за пријателство и љубовните се меѓу најбараните. Секоја идеја гледам да ја реализирам најблиску до она што јас го цртам. Да бидам искрен, најлесно и најубаво е кога луѓето ти даваат слобода во креирањето, се прецизира само темата и потоа следува реализација на мојата замисла. Тука сум најмногу свој, а од друга страна ми е многу мило што луѓето имаат доверба и ми препуштаат нивното изненадување да го направам како што ќе замислам.

tinoski (19)

>> Станува збор за претежни бели предмети со црно-црвени натписи. Дали тоа ќе остане заштитен знак на естетиката на „ТиноСки“ и какви се плановите за развој на етикетата?

-Некако најмногу се пронајдов во оваа комбинација, мислам дека никогаш не може да излезе од мода. Основни бои во палетата, супер контраст. Одговара за едноставност на цртежот, онака како што сакам. Планирам да вклучам и некои нови тонови, нема да биде тоа цела палета секако, но златни детали ми се следни на ум. Веќе обезбедив таква боја, па планирам наскоро да направам нешто пробно. Мислам дека ќе се вклопи во стилот и ќе му даде еден посебен белег. Имам многу идеи, помалку време, но ќе се потрудам да искористам што повеќе од тие работи. Мислам дека свежината и обновувањето на веќе постоечкиот стил е само плус во оваа работа. А од друга страна, сето тоа би било надоградба на заедницата „ТиноСки“. Би ја нарекол заедница, бидејќи крајните продукти се заедничка реализација со луѓето. Сето тоа произлегува од нашата заедничка комуникација и тоа е едно посебно задоволство.

tinoski (16)

>>Каква обука и искуство имаш поврзано со изработка на овие украси и какви сè креации имаш направено?

-Не сум имал никаква обука во однос на цртање на керамика, креативното изразување на овој медиум беше сосема случаен. Сум читал за одредени техники и идеи на интернет, искуства на луѓе и слично. Сето тоа е плус секако. Почитувам креативност, цел живот на овој или оној начин се поврзувам со такви работи. Сакам уникатни работи, секогаш сум додавал нешто на веќе постоечкото. Креативниот дел мислам дека е нешто што си го има човекот и едноставно излегува време кога се насочува поконкретно на нешто, „ТиноСки“ веројатно е тоа нешто и среќен сум поради тоа. Би сакал и други работи, но тоа засега нека остане само како идеја па кога ќе се реализира ќе има за што да зборуваме.

tinoski (23)

>>За кого и за какви пригоди се наменети твоите креации, која е твојата целна група на клиенти,  кој најчесто ги купува производи?

-Мислам дека нема повод за кој не може да се направи вакво нешто. Шолји, чинии, чајници и сл. Се користат секојдневно, му треба и на дете, и на студент, и на вработени и на баба и дедо. Со „ТиноСки“ сфатив дека луѓето сакаат да подаруваат. Да не претерам, но мислам дека само 10 отсто од сите нарачки досега се за себе, сè останато е за изненадување на некого, за подарок. А кога се подарува се споделува среќа, тоа е незаменливо. Се подарува за родендени, годишнини, свадби, без повод, но со причина, се слави другарството, љубовта… се поврзуваме со луѓето за убави работи.

tinoski (26)

>>Каде ги продаваш твоите дизајни во Македонија и на кои базари и изложби си се претставил?

-Бев дел од „Љубовниот базар“ во кафе-бар „Љубов”, тоа ми беше прво такво искуство. Имаше многу убава реакција на посетителите, некои виделе, некои се распрашуваа за работите, супер дружба и искуство. Имам покана за неколку други базари, кои наскоро се организираат, но ќе видам, во зависност од времето каде ќе учествувам. Би сакал да стигнам на сите страни, но едноставно некогаш времето си го прави своето. Најголема база на комуникација и „изложбен” простор, да го наречам така, е „Фејсбук“. Желба ми е да имам и изложба, но не би сакал да избрзам на таа тема, веројатно спонтано ќе се случи кога ќе биде време за тоа.

tinoski (17)
>>Имаш завршено новинарство, а работиш во „Групер“. Колку искуствата во медиумите и маркетингот ти користат во развој и промоција на „ТиноСки“ и како правиш баланс меѓу ангажманите на работа и со изработката на уникатните керамики?

-Новинарското искуство ми помогна многу за работата во „Групер“, а „Групер“, пак, ми е одлично искуство и знаење за „ТиноСки“. И двете работни искуства се од голема корист, и кога добро ќе помислам се е поврзано. Бидејќи и работата во „Групер“ како водечки сајт во е-трговијата кај нас бара голема посветеност, наоѓам баланс и компензирам со слободното време. Обично керамичките креативности ги оставам за вечерните часови и викенд. Се постигнува, единствено што трпи е слободното време, но за жал не може да измислиме денот да биде поголем. Знае да биде и напорно, се си бара време и енергија, но на крај од денот чувството е убаво. Морам да кажам дека имам целосна поддршка и од сите колеги и за тоа сум навистина благодарен.

tinoski (22)

tinoski (21)

tinoski (25)

tinoski (13)

љубовЉубовен базарАвстралијаАмерикаВалентин ПетрескиГруперкерамикиќерамички чашикерамички шолјимакедонски креативциподарокТиноСкиуникатичајникшолјашолја за кафешолја за чај
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • NB1 дизајн-декор

    Нордиски шик во црно-бела палета

  • 00 дизајн-декор

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

  • 1 дизајн-декор

    Идеи за декорирање на празничната трпеза

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics