• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Владо Сејменовски@ sVbeardcare: Брадата дава помажествен изглед, ама само ако е средена и негувана

Од Катерина Трајановска · На декември 9, 2016

vlado-sejmenovski-3

Дали мажите со брада се посекси и помаженствени?! Во последно време ако не се посекси, барем се потренди. Дали на мажите со брада им треба посебна нега?! Апсолутно, ДА! Машката брада треба да биде мека, да мириса привлечно и секако да биде уредна и секогаш средена. Тука настапува Владо Сејменовски, како што самиот вели „брадоња“ со малку подолга брада, кој десетина месеци упешно го развива својот бренд sVbeardcare, под чие име лансира линија на органски и рачно изработени производи за нега на брада, во која ќе најдеме масло, балсам, восок, па потоа сапун, дрвено чешле, балсам за усни, и новиот производ – масло за брада со мирис на ванила. Препаратите на Владо влегуваат во категоријата handcfarted, направени се од природни состојки, одлично се спакувани во внимателно креирана амбалажа и за многу кратко време станаа омилени меѓу македонските мажи. Во линијата sVbeardcare има и балсам за усни, кој е баш погоден и за жените. Всушност, како што вели Владо, тоа е унисекс производ, него сугурно скришно многу мажи го имаат по џебовите . Владо со sVbeardcare често соработува со дизајнерката Ивана Кнез, прават заеднички промотивни акции со врскстување на нивните брендови. Со Владо зборувавме за неговите производи, за тоа како ја почнал приказната за sVbeardcare, за машката нега, а ни откри дека покрај неколкуте хуманитарни акции во кои учествувал во 2016-та, годината ја завршува со уште една акција, чии средства се наменети за одделот за онкологија и хематологија на Клиниката за детски болести.

vlado-sejmenovski-10

>>Како дојде на идеја за производ за нега на брада, дали таа идеја беше поттикната од сопствените потреби за негување на својата брада?

-Токму така, првенствено сета приказна започна заради моите потреби. Имав многу шишенца од разни масла за кои сум читал дека се добри за нега на влакното на брадата и кои ги употребував секојдневно, како што се кокосовото масло, маслото од јојоба, арганово масло и многу други. Но имав и масла наменети токму за негата на влакното на брадата кои ги набавував од странство, бидејќи кај нас за жал ги немаше и така дојде идејата за формирање на производ кој ќе биде микс од неколку природни и органски масла кои ќе допринесат за здрав раст на влакното на брадата, а со тоа исто така би се спречило и иритација на кожата, перутење и чешање кое е доста непријатно кога се расте брада.

Истражував доста, можеби 2 години пред да бидне првото масло… Во глава имав замислено сè, од амбалажата до пакувањето, иако тогаш од реализацијата бев далеку. И конечно го измиксавме првото масло. Неколку шишенца кои ги поделив по пријатели. Реакциите беа одлични и веќе се знаеше дека треба да се продолжи оваа приказна на sVbeardcare и да се направат сите производи кои ги имав замислено.

vlado-sejmenovski

>>Кој беше првиот производ што го создаде и како се развиваше целата линија? Колку производи во моментов го носат името на твојот бренд?

-Првиот производ и базичниот беше маслото за брада со мирис на портокал, па потоа се развиваше целата колекција која денес содржи 7 производи. Маслото за брада се користи за секоја должина на брада. Од онаа тродневна, па се до долги бради. По маслото следуваше сапунот кој се изработува по топла постапка на правење сапуни и исто така е направен од 100% органски и ладноцедени масла и путери. Сите производи се органски, и ниту еден не содржи никаков хемиски додаток. Како „брадоња“ кој негува малку подолга брада потребни беа и балсами, па и восок за бркови, па така настанаа и тие. Балсамот како стилизатор за влакното на брадата, а восокот за форма на брковите. Во целата колекција го има и чешелот кој е рачно направен од буково дрво и доста практичен, мал, може да се носи секаде и најбитно не прави електрицитет на влакното при чешлањето. Го имаме и балсамот за брада и коса. 2 во 1 производ кој може да се користи за форма на брадата и е нешто налик на „восок за коса“ и исто така го имаме и балсамот за усни. Целата колекција засега е со мирис на портокал.

vlado-sejmenovski-14

>>Во моментов промовирате нов производ, за што станува збор?

-Гледаме да извадиме сезонски барем по уште еден мирис од маслото. Летото ја имавме green варијантата на маслото која што беше со мирис на рузмарин, нане, еукалиптус и лимон кој даваше освежување во топлите денови, додека пак сега го имаме покрај класичното масло со портокал и новото масло кое е со мирис на ванила и портокал. Топол мирис за студените денови кој покрај негата која ќе го пружи на влакното делува и смирувачки и искрено барем мене ме враќа со тој мирис во детството. Некако мирисот на ванила секогаш буди такви сеќавања…

>>Кој е составот на производите, дали се работи за препарати од природни состојки? И каде наоѓате рецепти, како ги формулирате производите?

-Сите производи се направени исклучиво од 100% природни органски и ладноцедени масла и путери. Не содржат никакви хемикалии и парабен. Сакав сè да биде и да изгледа многу блиско до природата, од составот, па сè до пакувањето. Истражував доста пред да започнам за сите масла кои се во составот на нашите производи. Како реагираат на влакното, кое е најдобро масло и во која количина кое треба да го има… На интернет има премногу рецепти за тоа како може да се направи масло за нега на брадата и секој може да направи. Нашите рецепти за производите се направени според тоа кое масло или пак путер е најквалитетно за нега на влакното на брадата, а потоа во консултација со хемичари ги склопивме тие да ја добијат најдобрата форма што може да ја имаат.

vlado-sejmenovski-2

>>Во твојата линија има и нешто за жените, нели?

-Мораше да има :) Иако не би го ограничил дека е само за жените. Се работи за балсамот за усни кој е потребен колку на жените, толку и на мажите. Усните во зимскиот период пукаат кај сите нас исто, нема разлика дали е тоа маж или жена, додека пак во летниот период исто така им е потребна хидратација. Но, и тука се јавуваат предрасуди дека тоа е женски производ, а скришно сигурно многу мажи го имаат по џебовите :) Производот е тотално unisex нема никаква боја, а е направен од шиа путер, какао путер, кокосово масло и е со мирос на портокал, така што може да го користат и мажи и жени.

vlado-sejmenovski-6

>>Брадите станаа многу популарни последниве неколку години, но колку е важно тие да се негуваат? Постојат ли посебни правила и кои се твоите совети?

-Секако дека постојат правила и секако дека е потребна многу нега. Тоа е всушност како со косата. Замисли да станеш од спиење и со неисчешлана или неизмиена коса да излезеш од дома за на работа… не иде :) Потребно е редовно миење на брадата, редовно нанесување на масло за брада кое во себе ги содржи сите оние потребни витамини кои ќе му дозволат пред сè на влакното да расте здраво и да не се крши, а потоа е потребно да се нанесуваат и балсами доколку брадата е подолга за да си ја задржи својата форма. Исто така многу важно е и брадата од време на време да се потстрижува, така на влакното ќе му се даде простор за растење и ќе се освежи. За правилата најчесто тие се однесуваат на тоа која форма на лице каква брада може да поднесе. Не секоја форма на лицето може да поднесе долга брада.

>>Каде може да се најдат овие производи?

-Моментално тоа е преку нашата фејсбук страна @sVbeardcare. Таму може да се погледнат сите производи како со нивниот состав така и со цените. Можат сите да ни пишат порака и да си нарачаат некој производ. Вршиме испораки до сите градови низ Македонија. Исто така производите може да се најдат и во Драма Студио и Студио Сејменовски во Скопје.

vlado-sejmenovski-13

>>Дали мажите со брада се помажествени или само станува збор за моментален тренд?

-Ако гледаме историски наназад дефинитивно може да се каже дека тоа не е тренд. Некогаш брадата важела како симбол на моќ и мудрост, а многу научници тврдат дека тој факт важи и до ден денес. И да, секако брадата дава помажествен изглед ама само ако е добро средена и одржувана.

>>Годината ја завршуваш со хуманитарна акција… 

-Оваа година учествувавме во неколку хуманитарни акции, па би сакал да дадам акцент и на онаа со која ќе ја завршиме оваа 2016-та година, бидејќи ова е период од годината кога нашите мисли се свртени кон планирањето на божиќните празници и за повеќето од нас, и тоа се денови кои ни ја греат душата и сме опкружени со нашите членови од семејството и пријателите, гледајки ги лицата на нашите сакани кои светнуваат кога ќе го добијат подарокот што го сакаат… Организираме една хуманитарна акција во која сите средства од продажбата на нашите производи ќе ги насочиме кон разубавување на овие празнични денови на дечињата наОдделот за онкологија и хематологија на Клиниката за детски болести.

Ќе се потрудиме да бидеме нечиј Дедо Мраз, бидејќи празниците се за секого.

Сите оние кои сакаат да учествуваат во оваа хумана акција може да нè контактираат на нашата Фејсбук страна, да си нарачаат производ за себе или пак за некој свој близок, а со тоа да допринесат за поголема насмевка кај овие дечиња, бидејќи секое лице заслужува да светне гледајќи го подарокот кој го посакува. Повеќе за оваа хуманитарна акција може сите да дознаат од следниот event на Facebook: https://www.facebook.com/events/1820796904825679/

vlado-sejmenovski-3

 

sVbeardcareбрадаВладо Сејменовскикозметикамакедонски брендмашка брадамашка негаорганска козметика
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics