• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

СТЕФАНИЈА НАСЕСКА: Модна азбука за храбри девојки

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На октомври 23, 2014

Постои нешто што се нарекува ангажирана мода, начин на кој одредени модни дизајнери преку своето изразно средство – дизајнот, се обидуваат да поттикнат одредени прашања за светот околу себе. Тоа се чини сега дека е манир по кој ја препознаваме младата дизајнерка Стефанија Насеска. Откако го заврте вниманието на модната јавност со колекцијата за есен-зима 2013/14 на која го постави прашањето „Шчо напраифме“ на Крсте Петков Мисирков, алудирајќи на состојбата на македонската мода, младата креаторка продолжи да ја анализира сцената и во следната колекција. Taa потреба да го искажува своето мислење во однос на модата кај нас ja покажа и во пролетната колекцијата „Револуција“. За своето престојно преставување на Моден викенд–Скопје повторно заинтригирува со дискутабилна тема.

- Оваа сезона како и за предходните пробав да го изнегувам она што е блиско до сите нас, нешто што не прави поразични од другите и го обележува нашиот идентитет. За најновата колекција инспирацијата ја пронајдов во нашата азбука, поточно во кирилицата. Колкцијата е насловена „Азбука“ и има малку критички карактер. Пораката која ја носи е многу силна и можеби нема да му се допадне на секој, но сепак тоа е мојот поглед и став кој го изразувам преку самата колекција. Не би можела да кажам дека ја посветувам на сите квази-дизајнери и останати квази-уметници, туку едноставно ќе кажам дека им порачувам прво да ги научат основите на дејностите кои си замислуваат дека ги творат, и да се стекнат со соодветно образование, а потоа да се истакнат како професионалци. Нека се огледаат на примерот на едно прваче кое прво ја учи и научува азбуката, а потоа се описменува, бидејќи модата е една комплексна целина во која аматерите лесно би се изгубиле – смета Стефанија.

И оваа колекција е обид да си го задржи карактеристичниот стил во кој твори односно секојдневието да го претворa во модно случување.

-Сметам дека сегментот на прикажување и конципирање на модните ревии  кај нас е се уште на ниско ниво. Бидејќи настапувам во групна ревија, немам многу можност за експериментирање, па тој дел го препуштам на тимот од Модниот викенд во кој имам целосна доверба. Во принцип малку очекувам, многу добивам.

9 STEFANIJA NASESKAКреациите на Насеска се необични, луцидни и храбри, па само таков карактер на девојки и жени може да биде подготвен да се издвои од мнозинството.

-Како таргет група целам кон храбри девојки и жени спремни за необични комбинации и желни за експериментирање, личности со изграден цврст став и карактер кои сакаат гардеробата да зборува наместо нив. Црната боја е носечка во колeкцијата, но постојано околу неа се надоврзуваат јаки и впечатливи бои – објаснува креаторката.

На Моден викенд-Скопје таа настапува шеста сезона по ред, па континуитетот на настапите на истиот докажува дека e тоа место за прикажување на нејзините колекции.

-Jaс сум задоволна од организацијата и дека секоја сезона е подобра со новитетите кои ги внесуваат, но и со отстранувањето на недостатоците за кои им било сугерирано.

По Моден викенд-Скопје за Стефанија следат нови предизвици.

-Најавувам само фотосесија во соработка со Бранко Михајлоски, млад талентиран и супер надежен фотограф од Прилеп. Додека парчињата ќе може да се најдат во Lotus design store во „Скопје сити мол“.

Taa e се уште млад дизајнер и досега како еден од најзначајните моменти во кариерата ќе ја сметa понудата за учество на модната недела во Ванкувер.

-Во септември добив покана за учество на модната недела во Ванкувер, Канада, но поради краткиот период оваа година за подготовка на парчињата и веќе предходно договорените работни обврски, понудата ја оставив отворена за една од следните сезони. Втората половина од 2014 година ја исполнив едукативно со обуки и тренинзи за програма Lectra која ќе ми го олесни техничкиот дел при спремањето на колекциите во иднина, и како таква мислам да ја заокружам. Kако што се изјаснија ме забележале и им се допаднал мојот стил на творење. За мене тоа претставува огромно признание и посебно ми е драго што доаѓа од луѓе кои воопшто не ме познаваат, туку само ја ценат мојата работа. Тоа ме прави поамбициозна и потрудољубива – ни откри Стефанија.

Доказ дека се движи во вистинска насока е зголемениот број на клиенти со секоја нова сезона , што ја услови потребата за отворање на сопствено атеље во својот град Прилеп.

.-Секоја честитка и секое признание кое доаѓа од личности кои не ги познавам и прв пат ги гледам прават да ги доживувам колекциите како најголеми дотогашни успеси. Меѓутоа, никогаш немаше да бидам ова што сум денес доколку позади мене не застанеа моите родители, моите блиски на кои сум им премногу благодарана и доколку модното образование не го стекнев на Академија Италијана од моите ценети професори и репери за успех Никола Ефтимов и Росица Мршиќ. Се надевам дека денес и тие се горди на мене. Денес можам слободно да кажам дека позади мене се редат ревии во Италија, БиХ и Македонија. Професионално сум ангажирана и во една од конфекциските куќи во Прилеп каде работам на техничкиот дел од колекциите и меѓувреме собирам искуство за индустиското производство. Моја одлука беше ателјето  да го основам во родниот град Прилеп, сакајќи да го подигнам нивото на модната култура и да допринесам за развивање на свесноста кај моите сограѓани и мислам дека мисијата ќе биде успешна, бидејќи полека но сигурно мојот труд вродува со плод.

 

македонски дизајнериМоден викенд-СкопјеСтефанија Насеска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics