• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју, урбан простор 0

Wonderlust: Нов дом на уникатни дизајни и добро кафе во срцето на Скопје

Од Ана Несторовска · На септември 15, 2016

wonderlust-3

Креации од познати македонски и регионални дизајнери и брендови на облека, накит и мебел, добро кафе и богата музичка програма од 24 август може да се најдат во новата концептуална продавница и бистро Wonderlust. Овој мултибренд и мултифункционален современ простор, сместен на улица Македонија, во срцето на Скопје,  испреплетува различни енергии – старо и ново, урбано и рустикално, софистицирано и сирово, а нивниот бленд креира префинети мали објекти кои предизвикуваат среќа.Крајната цел на младиот тим што го основа Wonderlust, е да придонесат кон промена на нашето општество и животот на луѓето во развојот на една нова култура преку регионално „подготвени“ уникатни производи

-Идејата за креирање на заедница на луѓе со немирен дух и вистинска фасцинација кон слободата се роди уште во 2010, меѓутоа низ годините ја обликувавме за да ја добие формата во која е денес. Големо влијание имаше и менувањето на самиот општествен контекст во Македонија. Имено, во Македонија сѐ поголем број на луѓе прават чекори кон материјализирање на нивната идеја, независно од тоа за што станува збор. Нивното пробивање пак, на самиот пазар во денешните услови не е лесно и токму тоа ние го сфативме како потреба која перфектно се вклопи во нашата идеја и им понудивме рака на некои од нив. Така, нашата идеја со Wonderlust преку отворањето на првата продавница во Скопје е да им помогнеме на уникатните брендови од регионот за привлекување на очите на сите оние кои се во потрага во слободата,притоа повикувајќи ги сите други амбициозни луѓе кои имаат идејаи материјализирана идеја која промовира креативност да се охрабрат и да ни се придружат – вели еден од сопствениците на Wonderlust , Дарко Давковски, со кој го направивме интервјуто.

wonderlust-2

Во концептуалната продавница понудени се дизајни од Јована Филиповоќ, LUDUS, Eklektika jewelry, Melani Digit, Evee, Mighty Jewelry и Pray eyewear (фото: Ирена Мила)

>>Што означува името Wonderlust и која е неговата поврзаноста со содржината и концептот на просторот?

-Осмислувањето на името одеше паралелно со осмислувањето на целиот концепт. Како се менуваше концептот така се менуваше и потенцијалното „име“. Со конечното дефинирање на нашата идеја, почнавме да трагаме по најсоодветното име и стигнавме до Wonderlust. Wonderlust е наша кованица од Wonder– чувство на изненаденост помешано со восхит, а предизвикано од нешто убаво, неочекувано, непознато и/или необјасниво и Lust– Многу силна страст.

>>Во модниот продажен дел има понуда од креации од наши познати дизајнери и брендови за облека и накит. Со кој сè досега воспоставивте соработка и дали имате во план да ја проширите понудата?

-Првата соработка ја остваривме со Pray Eyewear – бренд на очила за сонце рачно изработени од дрво од соседна Србија.Досега остваривме соработка и со Јована Филиповиќ, ЛУДУС, ЕКЛЕКТИКА, Ивана Цветковска, Мелани Дигит и Mighty Jewelry. Меѓутоа, она што е особено важно да напоменам, е дека Wonderlust концептуалната продавница не е осмислена единствено за промоција на познати дизајнери и брендови за облека и накит. Напротив, нашата идеја се однесува на сите брендови од регионот кои се вклопуваат во нашата идеја. Така, Wonderlust оствари соработка и со JAVA coffee–specialty espresso бренд од Полска, Storytelling Skopje – интересен проект за Скопје и неговите приказни. Што е повеќе, и во самото изработување на просторот се потпревме на македонски постоечки брендови. Ќе ги издвојам Pastello (www.pastello.org)кои со својата визија дадоа еден посебен дух на просторот, како и PUNKT мебел. И секако, проширувањето на понудата е постојано присутно на нашата агенда, а притоа, ги покануваме сите претприемачи кои се пронаѓаат во нашата идеја да не контактираат, ние би биле повеќе од среќни.

wonderlust-1

(фото: Ирена Мила)

>>Можам да забележам дека е направена солидна стилска селекција на брендови и креатори застапени во Wonderlust. Каква е вашата поврзаност со модата и имате ли досега искуство со вакви мултибренд продавници и продажба/пласман на македонски модни дизајнери?

-Како што напоменав и претходно во малку поинаква форма, нашата поврзаност е со слободното изразување, нас нè восхитува чувството за убавото и креативноста на претприемачите од нашите простори. Директно искуство на било кој начин со мултибренд продавници од овој тип и продажба и пласман на македонски модни дизајнери немаме.

>>Во Скопје  има потреба од продажен простор во кој ќе се најдат дизајни на наши креативци. Колку ќе биде дополнета содржина и со други типови на автентични македонски  дизајни?

-Продуктите кои ние ги промовираме се резултат на напорна работа на посветени и упорни индивидуалци од нашиот регион, чија љубов кон нивната работа генерираизвонреднo рафинираниобјекти. Секоја идеја од овој тип која се вклопува во нашата „сложувалка“ е добредојдена, а ние, како постојани и страстни трагачи, ќе продолжиме да ги лоцираме ваквите идеи и постојано да ја освежуваме понудата.

wonderlust-6

Застапени се парчиња мебел од PUNKT (фото: Ирена Мила)

>>Каква е понудата во бистрото и какви сè содржини има на програмата на Wonderlust?

-Сега за сега  работиме како кафе- бар, додека да ја дефинираме понудата за храна. Акцентот ни е ставен на кафето, застапници сме на JAVA Coffee Specialty Espresso и нудиме неколку различни блендови на еспресо , single origin еспресо како и органско еспресо. Со оваа соработка сакаме да понудиме едно поинакво искуство на пиење кафе, каде нашите гости можат да уживаат во различни вкусови на кафе во една релаксирана атмосфера.

>>Најавивте соработка со рок-групата Eye Cue -како бренд-амбасадори на Wonderlust. Како ќе се одвива соработката и дали планирате колаборација и со други наши јавни личности?

-Нашата соработка со Eye Cue, иако неформално, започна уште на самото отворање на нашата концептуална продавница. Eye Cue приднесоа кон динамиката кое беше на високо ниво во просторот со нивните прекрасни звуци. Сметаме дека се артисти со огромен потенцијал кои допрва ќе го освојуваат регионот и со нивна помош ќе промовираме доста квалитетни македонски брендови.

wonderlust-7

Wonderlust се наоѓа на едно од најпрестижните и фреквентни места во Скопје, ул. Македонија (фото: Ирена Мила)

wonderlust-4

Акцентот е ставен на кафето, застапници се на JAVA Coffee Specialty Espresso и нудат неколку различни блендови на еспресо , single origin еспресо како и органско еспресо (фото: Ирена Мила)

wonderlust-5

(фото: Ирена Мила)

JAVA coffee–specialty espressoMighty JewelryPastelloPray eyewearWonderlustЈована ФилиповиќДарко ДавковскиИвана ЦветковскаИрена Милаконцептуална продавницаЛудусмакедонски дизајнеримебелМелани Дигитмултибренд продавницаукраси за домот„Еклектика“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics