• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

Инвентивни проекти на македонски автори на „Скопје креатива 2017“

Од stylist @StylistMKD · На април 20, 2017

Инвентивни проекти на македонски автори и дизајнери ќе бидат дел од содржините на претстојниот фестивал на креативни индустрии „Скопје Креатива 2017″ (4-6 мај, МКЦ), во организација на Конгресен центар Александар Македонски и Град Скопје.

Foto pikselacija

„Интерактивна пикселација: Јас и ти”

Проектот „Интерактивна пикселација: Јас и ти” на Владимир Димоски, кинематограф и еден од најталентираните млади сниматели во Македонија, веќе со интернационална кариера, е процес на создавање на кусометражен филм со техника пикселација, по однапред напишано сценарио, но со значаен степен на импровизација од страна на актерите. Кога велиме актерите, во делото на Владимир Димоски, покрај професионални актери, ќе биде вклучена и публиката како актер, и активен креатор на филмот. Соработници на проектот се: Загорка Поп-Антоска Андовска, сценарист, Ана Алексовска, режисер, Бобан Алексовски, актер и Александар Андовски, сценограф.

-Пикселацијата како подвид на стоп – анимацијата е процес при кој се создаваат анимирани филмови со живи тела. Тој е атрактивен затоа што дава чувство на изреализирана магија, односно реалност каде секое движење, појавување и исчезнување е возможно. Стекнувањето со вештини да се изреализира ваков продукт е процес на развивање на подлабоко разбирање на дигиталната аудио- визуелна технологија, каде еден фрејм е содржан од 24 слики. Покрај тоа учесникот е поттикнат да размислува надвор од рамките на реалноста станувајќи свесен дека може да ги промени околностите со само едно плескање со дланките. Во денешница каде на индивидуата и е се потешко да ги разбере нештата кои го движат општеството, едно создавање на реалност каде самиот уметник / учесник има магиска моќ да ги поставува правилата на ваков начин е поттик и провокација за творење – вели авторот на проектот.

Владимир Димоски е дипломиран филмски снимател. Своето филмско образование го завршува на магистерските студии на ФАМУ во Чешка. Стекнува интернационално искуство, работејќи како директор на фотографија и асистент на камера за професионални и студентски продукции базирани во Европа, Канада и Азија. Авторски се има потпишано на триесет кратки играни и документарни филмови и еден долгометражен игран филм.

Пикселацијата е техника која е извонредно интересна за авторско изразување. Таа подразбира промислено фотографирање на индивидуи, личности, со цел краен продукт пикселиран филм, со авторски став, и креативна содржина. Во овој случај, пикселацијата како техника  ќе се искористи за авторски филм на Владимир Димоски, во чија замисла учесници и ко-креатори на уметничкото дело ќе биде публиката.

Crnata aurora cover

„Црната аурора”

„Црната аурора” е насловот на проектот со кој авторот Владимир Благојевиќ учествува на годинашното шесто издание на фестивалот.

-На Скопје креатива со гордост го претставуваме пилот изданието од стрип серијалот „Црната аурора”. Нашата приказна започнува во моментот кога над Скопје се појавува темен облак од ѕвездена прашина. Никој нема објаснение за овој феномен („Црна дупка? НЛО? Порта кон пеколот?”), освен Ален Корбин, кој се плаши дека Црната аурора е само почеток на нешто многу поголемо – вели Благојевиќ за проектот, на кој соработник му е Ивица Дукоски, автор на текстот на стрипот.

Неговите цртежи се карактеризираат со прецизен детаљ и контури што речиси психоделично се надоврзуваат и се прелеваат градејќи ја крупната слика со ефектно доловена перспектива и длабочина. Неговата опсесија со научната фантастика, како штпо вели, ја носи уште од раната љубов кон филмовите, посебно научно-фантастичните и хоророт.

-Во нив секогаш имало изненадување и несекојдневности. Роботиката постепено почнува да зема замав во секој сегмент на модерното општество, во кое би напоменал дека Македонија не спаѓа. Дел од таа современа реалност се новите електронски протези – поврзувања на човекот со машината како помошно средство за нормална функција на организмот. Сакале или не – тоа е иднината на роботи и компјутери – вели Благојевиќ.

Vladimir Blagojevikj

Владимир Благојевиќ

Владимир Благојевиќ (1979, Скопје) е дипломиран етнолог, а од 2002 година работи во Музеј на Македонија. Од 2002 изработува накит и фигури од глина и патем почнува да се навраќа на љубовта од детството – цртањето и сликањето. Од 2010 година па наваму, почнува посериозно да се занимава со цртање, сликање и изработка на накит (од фимо глина, полудраги камења, акрил, жица и картон). Цртежите стануваат посериозни од 2012 година, а омилена техника на изработка му е рапитограф на хамер. Досега имал три изложби: Во Ракија бар „Калдрма” (2013) ; Изложба на цртежи и накит со Андријана Андреевна „Со тебе во мене” (2014); и „Премин” во Концепт 37 (2014). Твори под псевдонимот Владодлак.

„Тактилис” е насловот на проектот на модните дизајнерки Маја Ѓуреска и Антонија Гугинска Јорданоска, а соработник на проектот е Тони Пајдаков од Здружението на слепи лица на општина Велес.

-„Тактилис” е проект што се бави со дизајн на облека за лица со попречен вид. Основна цел е да се изнајдат дизајн решенија преку кои на лицата со попречен вид ќе им се помогне и ќе им се овозможи независно искуство при селекција, комбинирање и купување на облеката. Еднакво значајна цел е изнаоѓање на начин преку кој на лицата со попречен вид ќе им се доближи естетската тежина на производот – велат авторките на проектот.

Maja Gjureska

Маја Ѓуреска

Модните производи ќе бидат презентирани на метални штендери. Висината на производите е предвидена да биде во природен дофат на корисниците. Предвидени се дупли штендери, кои би го олеснале движењето и би ја сугерирале насоката долж изложените производи.

Модната дизајнерка Маја Ѓуреска и досега работела на проекти за лица со попреченост. Во  пресрет на Светскиот ден на лица со Даунов синдром, таа учествуваше во креативна работилница што во центарот на вниманието го става токму инклузивниот дизајн. Во организација на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, каде што таа предава, се одржа работилница што на креативен начин покажа колку соработката со заедницата е важна за процесот на инклузија.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Louvre уметност

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

  • bienale уметност

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

  • msu уметност

    МСУ блесна во сина боја како дел од „Светскиот ден на детето”

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Блузи и кошули од Mango кои ќе ја дополнат вашата пролетна гардероба

    април 19, 2021
  • Annabel-Rosendahl

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Стилски идеи за променливо априлско време

    април 19, 2021
  • msu

    „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ во МСУ

    април 19, 2021
  • 1

    Белата облека најсовршена во пролетно-летните денови

    април 16, 2021
  • gucci aria (4)

    Gucci Aria – Гучи слави 100 години со ревија и кобрендирани креации со Баленсијага

    април 16, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • msu

    „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ во МСУ

    април 19, 2021
  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics